Многу родители несвесно ја уништуваат психата на детето: Овие 4 грешки може да бидат погубни!

Психолозите откриваат

Ви откриваме кои правила на воспитување лошо влијаат врз детето и изградбата на неговата личност

Повеќето родители сакаат правилно да го воспитаат своето дете за тоа да порасне во добар човек, но многумина несвесно грешат иако имаат најдобри намери.

Одредени методи, до кои цврсто се придржуваат, често доведуваат до контраефект. Ја нарушуваат детската самопочит и предизвикуваат водење инает.

„Ако не сте свесни за некои грешки во однесувањето, можете многу да влијаете врз тоа како детето се гледа себеси, како одлучува и како се справува со предизвиците на растењето“, открива психологот, доктор Џефри Бернестајн во колумната на порталот Psychology Today и додава дека важно е да се препознаат грешките.

Викање и удирање

Викањето и ќотекот најмногу влијаат врз детската самопочит. На тој начин покажувате лоша контрола на импулсот и му праќате многу лоша порака на детето.

Секако, многу родителите во некои ситуации не можат или не знаат поинаку, па викаат на своето дете или му удираат една воспитна.

Можеби ви се чини дека така сте го дисциплинирале детето, но ефектот ќе трае многу кратко. Наместо позитивна реакција, детето ќе биде несигурно, ќе има помала самопочит и ќе биде помалку способно за конструктивен разговор.

Враќање на проблемите

Кога еднаш ќе решите некој проблем или недоразбирање, немојте повеќе да се враќате на него. Дајте му на детето можност да почне од почеток.

Охрабрете го да продолжи понатаму и покрај грешките, да научи нешто од нив. Само така ќе воспитате самоуверено дете кое ќе ја разбере важноста на добрите избор и ќе биде помалку склоно кон повторување на лошите работи.

Малтретирање со наметнување вина

Едно е кога ќе го воспитате детето за да разбере како ви е кога ќе доживеете нешто од него, а друго е да инсистирате на тоа до крајни граници, за да му наметнете вина поради неговите мисли или постапки.

Родителите што ја користат вината за да ги контролираат децата, го доведуваат детето до отапување.

„Имав клиентка која го нападна својот син кога соседот и’ кажа дека го видел со друштво кое пуши марихуана. Навали на него со прашања од типот: ‘Сфаќаш ли колку ми е непријатно кога ќе чујам такво нешто?’, ‘Дали си свесен дека со ова целосно ја уништи мојата доверба?’. Но кога успеа да се смири и да го згази своето его, и’ помогнав да научи како помирно да разговара со синот, да му даде поддршка и разбирање. Успеаја да ги решат проблемите и да изградат доверба. Така и Харолд полека изгуби интерес за лошото друштво што го наведе на земање дрога“, раскажува доктор Бернстајн.

Сарказам во разговорот

Сарказмот лошо влијае врз детската самопочит, бидејќи ќе се чувствува посрамотено. Така нема да му помогнете да се справи со своите грешки, ниту ќе изградите почит.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.