Меки и солени стапчиња како од пекарница: Домашен рецепт!

Засукајте ги ракавите!

Најдобриот рецепт за солени стапчиња

Состојки:
  • 320-350 г брашно
  • 200 мл млеко
  • 20 г квасец
  • малку масло
  • 1 лажичка шеќер
  • сол

За преливот

  • 2 рамни лажици брашно
  • половина лажичка сол
  • 1 лажица масло
  • малку вода
Приготвување:

Во млако млеко растворете го квасецот, додајте шеќер, малку масло и малку помалку од наведената количина брашно (околу 320 г), добро замесете го тестото, да биде мазно. Подмачкајте го садот во кој сте го мешале, и оставете го тестото да стасува околу 45 минути на собна температура.

Замесете го на маса, па исечете го на пошироки ленти и завиткајте ги во тенки ролни. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги да нараснат, па премачкајте ги со жолчка. Наросете ги со малку сусам и печете ги околу 15 минути на 220 степени.

Додека стапчињата се печат, пригответе го преливот. Измешајте брашно со масло, додајте сол и сипете вода. Направете тесто малку погусто од она за палачинки.

Извадете ги стапчињата што заруменеле малку, прелејте ги со преливот и печете ги уште 15 минути додека убаво заруменат.

Извор: Kodbakeugostima.blogspot.com

Расположени сте за уште едно крцкаво совршенство? Пробајте ги овие домашни стапчиња со ајвар и пикантни колбасници!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.