Уште еден моден погодок на Џенифер Лопез: Популарниот кариран дезен се носи токму вака!

Елеганцијата повторно е во тренд

Вака изгледа стајлингот што издишува гламур и елеганција

Пепито и карираниот дезен, како и елегантните комбинации, моментално се многу актуелни. Дизајнерите ги вратија на модната сцена женствените стајлинзи што ги нагласуваат облините и во кои секоја жена изгледа заводливо.

Кога помислуваме на гламур и елеганција, првата асоцијација е, без дилема, карираниот дезен. Познатата Коко Шанел го прослави овој дезен и модел на костим, кој и денес е незаменлив.

Доказ дека во него секоја жена изгледа одлично е и последното појавување на Џенифер Лопез. Таа била фотографирана во Лос Анџелес додека си одела од еден ресторан.

https://www.instagram.com/p/B9xawc9HmXL/

Пантолоните со висок струк и пократко сако на вистински начин ја нагласиле нејзината фигура, на која напорно работи, а белата ролка е полн погодок за овој комплет.

https://www.instagram.com/p/B9xZ_dOBE6G/

Високо врзаната пунџа и дискретната шминка направиле целиот стајлинг да изгледа уште поженствено. Малата црна чантичка е исто така секогаш добар избор.

Ви се допаѓа Џенифер во ова малку поодмерено издание?

ФОТО: Инстаграм

Го видовите ли урнебесното видео на Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник?Носат ист фустан!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.