Вака сигурно ќе им го уништите животот: 7 најголеми грешки на родителите со кои им ја нарушуваат самодовербата на децата!

Не правете ги!

Секој родител сака неговите деца да се чувствуваат добро во своја кожа

Истражувањата покажале дека самоуверените деца се помалку анксиозни, имаат подобри резултати на училиште, поотпорни се и остваруваат поздрави меѓучовечки односи.

Психотерапевтката и авторка на популарната книга „13 работи што не ги прават ментално силните родители“, Ејми Морин, укажала на седум најголеми грешки со кои родителите ја нарушуваат самодовербата на децата:

1. Им дозволуваат на децата да бегаат од одговорности

Иако можеби мислите дека обврските ќе ги оптоварат вашите деца и ќе им го зголемат нивото на стрес, извршувањето домашни обврски всушност ќе им помогне да станат одговорни. Извршувањето обврски приспособени на нивните години им помага на децата да развијат чувство на способност и напредок. Без разлика дали ќе им кажете на децата да ви помогнат околу алиштата или да фрлат ѓубре, одредените обврски се можност за децата да се видат себеси како способни и компетентни.

2. Не им дозволувате да прават грешки

Тешко е да се гледа како вашето дете не успева во нешто, го одбиваат или прави некоја грешка. Кога ќе се случи такво нешто, многу родители веднаш тргнуваат да ги спасат децата пред да паднат. Но штитејќи ги од неуспех, всушност им ја ускратувате можност да се борат и да го возвратат ударот. Без разлика дали вашето дете ги заборавило копачките пред важен фудбалски натпревар или погрешило на неколку одговори на натпревар по математика, грешките може да бидат негови најголеми животни учители. Секоја грешка им е можност да развијат ментална сила што им е потребна за подобро да постапат следниот пат.

3. Ги штитите од нивните емоции

Природно е тоа што сакате да ги развеселите вашите деца кога се тажни или да ги смирите кога се лути. Но начинот на кој реагираме на емоциите на нашите деца има големо влијание врз развојот на нивната емоционална интелигенција и самопочит. Помогнете им на вашите деца да препознаат што ги покренува нивните емоции и да научите како сами да ги контролираат. Обезбедете им рамка што ќе им помогне да сфатат како се чувствуваат за во иднина да им биде полесно да ги контролираат емоциите на општествено прифатен начин.

4. Им поттикнувате менталитет на жртви

Зборувањето работи како „не можеме да си дозволиме нови патики какви што имаат другите деца, бидејќи сме од сиромашно семејство“ на вашето дете им потврдува дека повеќето животни околности се надвор од нивна контрола. Наместо да им дозволите на вашите деца да се самосожалуваат и да ги преувеличуваат своите несреќи и проблеми, охрабрете ги да преземат некои позитивни мерки (на пример, нека продаваат лимонада пред куќа за да заштедат за работите што ги сакаат). Децата што ги препознаваат своите избори во животот имаат поголема самодоверба и пооптимистични се кога станува збор за создавање подобра иднина за себе.

5. Премногу сте заштитнички настроени

Секако дека чувањето на детето под стаклено ѕвоно ве ослободува од многу непријатности и грижи, но претераната изолираност го забавува неговиот развој. Гледајте се себеси како водич, а не како заштитник. Дозволете им на вашите деца да го доживеат и почувствуваат животот.

6. Очекувате перфекција

Високите очекувања се здрави, но ако премногу очекувате, ќе почувствувате некои последици. Кога децата ќе видат дека премногу очекувате од нив, можеби нема ни да се обидат или ќе се чувствуваат како никогаш да не ќе ги исполнат тие очекувања. Наместо тоа, поставете јасни очекувања на подолги патеки, со пречки на патот. На пример, одењето на факултет е долгорочно очекување, па помогнете им да имаат краткорочни цели на тој пат – да добиваат добри оцени, да ги извршуваат домашните задачи, да читаат…

7. Ги казнувате, а не ги дисциплинирате

Децата мораат да научат дека некои постапки доведуваат до сериозни последици. Но постои голема разлика помеѓу дисциплината и казната. Децата кои се дисциплинирани мислат дека направиле лош избор. Децата кои се казнети мислат дека се лоши личности. Со други зборови, дисциплината му дава самодоверба на вашето дете за да може во иднина да донесува попаметни и поздрави одлуки, додека казнувањето прави да помисли дека не е способно да донесе подобра одлука.

10 реченици што не смеете да му ги кажете на вашето дете: Ова не смее да го чуе од ваша уста!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.