10 реченици што не смеете да му ги кажете на вашето дете: Ова не смее да го чуе од ваша уста!

Обрнете внимание

Фото: Guliver/Getty Images

Вашето дете го впива секој ваш збор, па затоа внимателно одбирајте со каков тон и со каков текст ќе му се обратите

Никако немојте да му ги говорите следниве 10 реченици на вашето дете…

„Дали си луд/а?“

Ова е во ред да го кажете ако детето знае дека се шегувате и ако атмосферата е потполно опуштена. Но ако сте лути и му викате на детето поставувајќи му го ова прашање, само ќе влијаете негативно врз неговата самодоверба. Наместо да зборувате лекомислено, обидете се да дадете конструктивна критика, бидејќи со овие зборови само ќе постигнете детето да помисли дека го сметате за лудо.

Што било што сугерира обвинување за менталната состојба на родителите

На пример, немојте да кажете: „Ме излудуваш“ или „Полудувам поради тебе“. Тоа може да ви се чини како добар одговор во моментот, но тоа не е она што вашето дете треба да го чуе. Вината има негативно влијание врз тоа што детето гледа дека родителот го прави. Обвинувањето дека детето ве прави луди има потенцијал да му ја намали самодовербата на детето.

Празни закани

Секој родител или изговорил празни закани или ги слушнал другите како се закануваат со празни зборови од типот „Подобро е да го направиш тоа или тешко тебе!“. А кој знае што значи тоа „тешко тебе“. Ваквата реченица претставува празна закана и вашето дете или ќе се плаши од вас или нема да ви поверува дека ќе примените каква било дисциплинска мерка.

Подобра варијанта е точно да кажете што може да очекува, на пример: „Подобро среди си ја собата, инаку ќе бидеш казнет и нема Интернет цела недела.“ Најважно и во овој случај е да го направите тоа што сте го кажале ако тоа е потребно.

Празни реченици

Многу пати се чини дека доволно е да му се каже на детето „браво“, но ако застанете тука и не ја поврзете оваа пофалба со она што детето го направило, вие само изговарате празна реченица која не значи ништо. Дајте ѝ на оваа реченица подлабоко значење така што ќе ја поврзете со зборовите: „Браво што си ја среди собата“, „Браво за контролниот тест, супер го направи“ и слично.

„Побрзај! Побрзо!“

Овие зборови на вашето дете ќе му го всадат чувството дека постојано доцни. Наместо да го избрзувате на овој начин, ублажете ја ситуацијата така што ќе се додадете и себеси во реченицата, на пример: „Ајде и двајцата да побрзаме за да стигнеме на време во училиште’. Ако детето навистина прави големи проблеми, можете да се обидете и со награда: „Ако тргнеме на време во училиште, ќе можеш подолго да гледаш телевизија/да си играш на компјутер/ да седиш кај другарчето“ и слично.

Очекување совршенство

Доволно е да му кажете на детето „Само со вежбање ќе се усовршиш…“ и вие веќе му ја пренесувате пораката дека ако вежба спорт/музика и слично, ќе достигне совршенство и дека вие тоа го очекувате од него. Меѓутоа, токму овие зборови можат да го доведат до неуспех и да развијат кај него чувство на вина ако не го достигне тоа совршенство. Запомнете дека никој не е совршен и ништо во животот никогаш не е совршено.

Наместо да му ја испраќате оваа порака на детето, обидете се да му кажете, на пример, дека со вежбање ќе ги подобри своите вештини и слично. Научете го детето да ги забележува напредоците што ги постигнува, дури и ако се мали, тие сепак го водат во добра насока. А како и со сите работи во животот, секогаш има простор за подобрување.

„Ништо не е тоа, добро е“

Уште една лекомислена реченица која често се слуша кога детето ќе падне и ќе се удри малку или кога нема да го постигне посакуваниот резултат. Она што детето го слуша е дека не е доволно добро или дека не смее да каже како се чувствува, дали се повредило и слично.

Бидете конкретни и прашајте го детето дали го боли рака, нога или некое друго место каде што се удрило. Покажете, на пример, дека сте забележале дека се исекло малку, но дека ќе ја средите раната и слично. Што се однесува до успехот, подобро е тестот да го искоментирате со „Доби тројка на овој тест? Добро, тоа е подобро од двојка, но следниот пат обиди се таа тројка да стане четворка“.

„Премногу си дебел/а“

Оваа реченица лесно може да ви се удри од глава ако вашето дете порасне со нарушувања во исхраната, бидејќи постојано слушало колку е дебело. Наместо да ги истакнувате проблемите на детето со тежината, поттикнете го да вежба и погрижете се здраво да се храни.

„Не можеме да си дозволиме…“

Речениците што ги објаснуваат вашите финансиски недостатоци се вишок информации кои само го оптоваруваат детето. Секако дека е потребна транспарентност, но детето не треба да се грижи за семејните финансии. Ова можете да го кажете на поинаков начин кој ќе го научи детето да управува со финансиите, без разлика колкави се тие. На пример: „Мораме да штедиме ако сакаме да го купиме тоа/да одиме таму…“

„Не може да станеш од маса додека не изедеш сѐ“

Овој став го учи детето да продолжи да јаде дури и ако не е повеќе гладно. Многу подобро е да го научите да престане со јадење кога ќе почувствува дека е сито. Секако, нема десерт ако не може да го доврши оброкот.

Вака несвесно ја уништувате самодовербата на детето: Веднаш престанете да ги изговарате овие 5 реченици!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.