НЕ ДАВАМ! Како да го превоспитате вашиот мал скржавец?

Стручни совети

Истражувањата покажуваат дека повеќето деца не сакаат да ги делат своите играчки со другарчињата или со луѓето од опкружувањето. Ако ве мачи овој проблем, применете го ова:

Пофалете го детето за добро однесување многу почесто одошто ќе го казните за грешките. Пофалбите се поефикасно педагошко средство од казните.

Дозволете му да одлучи кога нешто ќе подели, ако е можно. Поентата е детето да се чувствува добро кога ќе подели нешто, а не вие.

Бидете му пример и однесувајте се онака како што очекувате да се однесува детето. Децата „впиваат“ сè што ќе видат, па важно е со сопствен пример да им покажете како да бидат љубезни и да имаат разбирање за другите.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.