Што да вежбам? Пронајдете ја вашата идеална фитнес-рутина!

Доколку сè уште не почнавте да вежбате, и не сте сигурни кои вежби се идеални за вас, ви ги претставуваме петте најефикасни тренинзи за фит-става!

1 Фитнес-забава: ЗУМБА

ЗУМБА е единствена фитнес-програма за вежбање, која е инспирирана од латино-музика и која е во исто време забавна за вежбање. Таа е најзабавното вежбање што постои во светот. Вклучува аеробни вежби, комбинирани во латино и со комерцијалната музика. Целта е едноставна: да се сака вежбањето и да се постигнат ефекти, во исто време забавувајќи се со значително зголемено смеење. Инаку, зумбата потекнува од Колумбија, а ја креирал Алберто (Бето) Перез (познат колумбиски аеробик-инструктор и кореограф) во 2001 година. Потоа заминал во САД, ја брендирал зумбата и сега можат да ја користат (како инструктори) само оние што имаат важечки сертификат од „Zumba Fitness – LLC“.

2 За здраво тело: АЕРОБИК

Аеробната гимнастика го зголемува пулсот, го засилува крвотокот и целосно го тонизира телото.
По секој тренинг ќе се чувствувате постегнати, пораздвижени и поубави. Благодарение на аеробикот, човек може лесно да го контролира нивото на крвниот шеќер. Со забрзување на метаболизмот се регулира и телесната тежина, и се повишува добриот холестерол. Освен сите овие нешта, аеробикот ја подобрува и психичката состојба, бидејќи поттикнува лачење на хормонот серотонин, одговорен за доброто расположение. Ако 4-5 пати неделно посетувате фитнес-сала, ќе му се радувате на подоброто психичко здравје.

3 За брзи резултати: СКОКАЊЕ ЈАЖЕ

Скокањето јаже стана составен дел на многу видови на фитнес-тренинзи. Петнаесет минути скокање јаже согорува околу 200 калории. И покрај загриженоста дека скокање јаже е штетно за зглобовите, сепак е подобро за колената и за колковите од трчањето, така што по скокот, при слетувањето и воспоставувањето контакт со подот, мускулите на потколениците го апсорбираат влијанието на потиснувањето.

4 За тело и за ум: ЈОГА

Јогата е поволна за сите луѓе, без оглед на возраста и на моменталната психофизичка кондиција. Иако постојат многу различни видови и техники на јога, во западниот стил на живеење најчесто се применува Hatha јога. Ова е вештина на постигнување рамнотежа помеѓу духот и телото. Со целосно совладување на оваа техника на медитација се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува смирен и витален. Јогата релаксира и дава енергија, го намалува или отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот, вратот, ја намалува болката и ги отстранува нарушувањата во спиењето (на пример, несоницата).

5 За цврсто тело: ПИЛАТЕС

Пилатес е еден ефикасен, а воедно и лесен тренинг, кој ви нуди можност да го зајакнете и да го обликувате своето тело, како и да го истегнете и опуштите. Карактеристично е што за краток период има воочлив успех, можност за максимално опуштање и природно длабоко дишење, кое е составен дел на ова вежбање. Со вежбањето пилатес правите две работи истовремено, не само што го обликувате и затегнувате своето тело туку истовремено учите да го набљудувате и да станете свесни за него. Награда за вашиот труд ќе биде тоа што многу брзо воспоставувате состојба на потполна опуштеност.

Текст: Убавина издравје

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.