Научете да се изборите со негативните детски емоции!

Бунтовник, срамежливко, плачко...

Родителите прават голема грешка ако не му дозволуваат на детето да ги манифестира своите емоции, бидејќи на тој начин го принудуваат да ги потиснува и крие. Еве како да се изборите со негативните детски емоции.

Бес Оваа емоција е нормална и очекувана за секоја возраст, па и за детската. Ако вашето дете плаче, вреска, прета со рацете и со нозете и се витка на земја, потрудете се да го смирите и утешите, а потоа поразговарајте со него. Најважно е да го научите оваа емоција да ја манифестира на здрав и безбеден начин, никако на деструктивен.

Срам Никогаш немојте своето дете гласно да го наречете срамежливко. Покажете разбирливост за неговата срамежливост и кога ќе процените дека е подготвено, почнете да го изложувате на други луѓе и ситуации.

Тага Помогнете му на својот миленик да се избори со тагата така што ќе го поттикнувате да каже што чувствува. На тој начин ќе може да увидите што го растажило и да пронајдете начин да го утешите.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.