Профемина 2019: Зошто е клучот во самомотивацијата?

Да ги надминеме сопствените граници!

По кратката пауза, гостите се вратија освежени и подготвени за првата панел-дискусија со наслов „Да ги надминеме сопствените граници: Зошто е клучот во самомотивацијата?“.

Пред самиот почеток, Јована Стојменовиќ ја најави лотаријата што ќе се случува во рамките на целата конференција, а извлекувањето на добитничките имиња ќе се одвива во три дела. Првите две среќни добитнички беа прогласени и добија две корпички полни со производи на Herbalife.

Модераторката Билјана Дебарлиева и учесниците во панелот – Наташа Мешковска, првак и шампион во пливање, Бојана Стојменовиќ, психолог, мотиватор и инфлуенсер, Кокан Ајановски, државен првак во маратонско трчање, Горан Николиќ, Herbalife Nutrition SEE Country Director и Кармен Михајлоска, независен член на Herbalife Nutrition од 1992г. и животен тренер – сите заеднички ги споделија рецептите за успех од вистинските победници.

Кармен Михајлоска ја сподели својата приказна и раскажа за своите почетоци во семејството на Herbalife Nutrition со кое се запознала кога добила задача да преведува на еден голем настан на Herbalife  во 1992 г. и тогаш првпат чула за додатоци во исхраната и замена на оброци.

За љубовта кон спортот зборуваше маратонецот Кокан Ајановски кој призна дека неговиот почеток не бил воопшто лесен, бидејќи потрагата по спонзороства била долга и макотрпна, само поради тоа што немал материјално признание за своите успеси и не бил член на ниту еден клуб. Не наишол на поддршка ниту кога на 31 година решил да ја напушти работата како машински инженер и да отвори школа за трчање.

„Ми се потсмеваа и ми велеа: ’што не отвориш школа за одење’?“, откри Кокан кој додаде дека само преку личен пример и со самомотивација можеме успееме и да придонесеме за развој и напредок на општеството.

„Прво треба да имаме визија, да веруваме во неа, да издржиме и напорно да работиме секој ден за да го оствариме својот сон“, заврши Ајановски, а публиката ги поздрави овие зборови со аплауз.

Следуваше искуството на психологот Бојана Стојменовиќ, која откри дека пред да доживее успех, нејзиниот бизнис „Мој психолог“ доживеал многу неуспеси. Таа раскажа дека постојат три алатки за постигнување успех.

„Најдете смисла во тоа што го правите. Сакајте се себеси и сакајте го тоа што го правите, во спротивно луѓето ќе забележат дека лажете и глумите.“

Наташа Мешковска, пак, како првак во пливање и жена што ја испишуваше историјата на спортот во Македонија, раскажа дека да се успее во спортот е добра школа за она што се случува понатаму во животот.

„Во животот може да се биде успешен само ако си искрен кон себе. Друга формула не постои. Љубов, страст и посветеност на она што го правите.“

Продолживме со приказната на генералниот директор Горан Николиќ.

Најголемата борба е борбата со самиот себе. Оној што ќе се победи себеси, може да победи се’.“, порача тој.

Оваа инспиративна панел-дискусија заврши со пораки од учесниците кои ги мотивираа присутните и ги поттикнаа никогаш да не се откажуваат од своите соништа и да се грижат за своето физичко и ментално здравје.

Официјален автомобил на настанот е комплетно новиот CLIO кој ќе ве воодушеви од моментот кога ќе го погледнете со својот модерен, динамичен стил, сензуални линии, нов светлосен потпис и ексклузивна внатрешност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.