Мајки, ослободете ментален простор!

Оптоварени сте со размислување за обврските? Реорганизирајте ја листата на задачи, ослободете се од товарот и намалете го стресот

Притисокот од мноштвото секојдневни обврски, особено во последните шест месеци, е неопходно да го намалиме – за да го зачуваме менталното здравје! Ова се начините на кои и мамичките можат да си го одморат мозокот…

Во просек, во семејствата во кои и двата родитела се вработени, мајките преземаат 65% од обврските за детето, велат стручњаците. Станува збор за нерамноправната поделба на улогите меѓу мажот и жената, поради која мајките носат поголем дел од менталното бреме. Ви претставуваме три докажани начини да го растоварите мозокот и да одвоите повеќе време за себе.

НЕ ТРЕБА СÈ ДА НАПРАВИТЕ САМИ. Мајките имаат неверојатно остра проспективна меморија, што значи дека не ги забораваат задачите што треба да ги завршат, велат психолозите. Утврдено е дека во ситуацијата кога мозокот е ангажиран со помнењето на задачите, се исклучува неговата извршна функција.

Психолозите предлагаат користење заеднички дигитални календари и мотивациски стратегии кои ќе ги ангажираат сите членови на семејството да се грижат за своите обврски и задачи. Така ќе остварите подобра ментална распределба, а вашите блиски ќе ги стекнат клучно важните вештини за самостојност, ефикасност и чувство за компетентност.

СКРАТЕТЕ ЈА ЛИСТАТА НА ОБВРСКИ. Не составувајте посебна листа на обврски што се однесуваат само на семејството. Наместо тоа, психолозите советуваат да издвоите еден ден за т.н. „семеен админ“. Значи, креирајте папка во својот мејл во која ќе ги чувате мејловите од училиштето и слично, а во посебна кутија чувајте ги сметките со кои ќе се занимавате во времето одредено за средување на финансиите.

Ако постапувате така, вашиот мозокот ќе го прими сигналот дека е време за пауза. Често се случува да нè опседнуваат мисли дека „мора да го завршам ова, морам да го завршам она“, одземајќи ни ја концентрацијата од она со кое се занимаваме во моментот. Постои еден мал механизам во мозокот кој нè ослободува од вознемирувачките мисли, а за негово активирање доволно е да одлучиме КОГА ќе ја извршиме непријатната задача, советуваат психолозите.

КРЕИРАЈТЕ ПОГОЛЕМ МЕНТАЛЕН ПРОСТОР. Кога листата на обврски ќе почне да ве оптоварува, обидете се да се растоварите на некое време.

Аеробните активности се еден од најдобрите начини да создадете слободен простор во вашиот ментален бележник, велат психолозите. Кога се занимавате со физичка активност на отворено, опаѓа нивото на стрес, а клетките што го излачуваат хормонот на стресот добиваат повеќе кислород.

Тоа може да придонесе за биолошко „ресетирање“ и да го насочи процесот на размислување во позитивна насока.

Текст: Б. Стојменовиќ

ФОТО: ANNA SHVETS, PEXELS

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.