Време е за проактивна нега на кожата!

И трудот ќе ви се исплати!

Фото: Getty Images

Без разлика на која возраст сте, никогаш не е доцна да го смените изгледот и да ја подобрите состојбата на својата кожа. Еве како…

Дали сте слушнале за новиот тренд во козметологијата наречен прејувенација? Идејата е веќе при појавата на првите знаци на стареење – фините брчки и диспигментациите – да се почне со козметички третмани.

Жените што го покренаа овој тренд, во 20-тите години од животот ставале ботокс и ги правеле третманите за лице што ги практикувале нивните мајки, па во триесеттите години ги немале класичните „симптоми на стареење на кожата“, како што се брчките во аглите на очите и на челото.

Ним, всушност, им успеало да го забават стареењето. Така се покажа дека проактивноста на ова поле навистина може да услови добри резултати во период од десет години.

БИДЕТЕ ДОСЛЕДНИ

Секојдневно користете препарати за нега на кожата, 2-3 пати годишно ставајте ботокс, и правете ласерска колагенска стимулација – еднаш годишно или по потреба. И трудот ќе ви се исплати!

Кога ќе преземете сè навреме, ќе ги избегнете порадикалните методи со подолго време за закрепнување, а епилогот ќе биде младешка кожа што изгледа природно.

МОЌНИ СОСТОЈКИ

СПФ-препаратот е на место бр.1, што не треба да ве изненадува. Доколку престојувате надвор без соодветна заштита од сонце, ни најквалитетните препарати за нега, ниту, пак, козметичките третмани нема да ви помогнат.

И додека СПФ-препаратите ги блокираат слободните радикали кои ја нарушуваат структурата на колагенот, антиоксидансите, како што е вит. Ц, ги неутрализираат слободните радикали што навлегуваат во кожата.

Трета неопходна состојка во негата на лицето е ретинолот, кој ја стимулира продукцијата на колагенот и го поттикнува обновувањето на клетките, со што кожата се ослободува од вишокот пигмент, настанат при изложување на сонце.

Ако почнувате со воведување на ретинолот во својот режим на нега, почнете со најмала концентрација! На тој начин, кожата постепено ќе се навикне на иницијалното црвенило и првутење, кои оваа состојка може да ги предизвика.

МИНИ-ТРЕТМАНИ

Претходните генерации лекари беа фокусирани на агресивните технологии – се чекаше пациентките да се на одредена возраст, а потоа се прибегнуваше кон радикален пилинг, ласерски третман или хируршки зафат.

Сега тоа успешно се избегнува со воведување помалку инвазивни методи, како што се ласерите од поновата генерација за подобрување на обновувањето на клетките на кожата и невромодулаторите (ботокс и терапија со радиобранови), кои ја затегаат кожата, а притоа се спроведуваат порано.

Текст: Б. Стојменовиќ

ФОТО: PEXELS, SHINY DIAMOND, GETTY IMAGES

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.