Ова нема да се носи во 2021: Мора да ги исфрлите овие чевли од плакарот – тотално се демоде!

Излегоа од мода

Сега веќе е сосема јасно дека оваа година ќе се носи винтиџ, бело, удобно, но какви обувки ќе бидат во тренд на пролет 2021 година?

Кои чевли се тотална модна утка?

1. Чевли-чорапи

Доколку случајно сè уште имате во плакарот чизми до глужд или чизми-чорапи, под итно исфрлете ги од употреба. Ваквите чевли се тотална модна утка во 2021 година. Ако многу ви се допаѓа комбинацијата на чизми и лесна пролетна гардероба, тогаш како создадени за вас се белите, високи чизми. Ваквиот пар мора да биде поширок и петата треба да биде пополна, без разлика дали е овална или правоаголна. Да не заборавиме: и повисока од 6 сантиметри.

2. Патики со скриена пета

Некогаш популарните патики со скриена платформа или пета сега се на листата на „модни утки“. Наместо патики со скриена пета, сега се носат патики со дебел ѓон или платформа.

3. Каубојки

Можеби само што сте ги купиле, но чизмите каубојки веќе излегоа од мода. Но тоа не е случајот со преостанатите модни детали инспирирани од дивиот американски запад. Чантите со долги реси, плетени или од превртена кожа, се апсолутен тренд.

Гломазните патики се во мода

Па, што ќе носиме во пролет 2021 година? Стилистите имаат одговор…

Гломазни патики

Патиките, но и мокасините со дебел ѓон се вистинско решение за сите што сакаат удобност. Гломазните патики летоска ги преплавија продавниците и судејќи по најавите за летната сезона 2021 година, оние што ги купиле, не погрешиле.

Чевли со правоаголен врв

Без разлика дали се сандали, чизми до глужд или чевли, ако имаат правоаголен облик, тие се добредојдени. Ова особено се однесува на сандалите. Кружната форма од пролетта 2021 година па натаму е демоде.

Тренд што предизвикува поделени мислења: Еве какви чевли ќе носиме наредниве месеци!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.