„Корона-родители“: Оние што се растргнати меѓу работата и децата

Напорно и невозможно

„Корона-родителите се луѓе кои уште на почетокот на пандемијата беа на крај на силите“.

„Што да прават родителите кои не можат повеќе? Прашувам за сите што ги познавам“. Ова е објавата на Твитер на новинарката Марајка Кајзер, уредничка на онлајн-магазинот Edition F. Со тоа погоди многумина во нерв.

Родителите на социјалните мрежи ги споделуваат своите искуства: како ги ускладуваат работата од дома, школувањето на детето преку Интернет и чување на детето.

Легнав на кујнскиот под и плачев“, напиша една жена.

Друга забележува:

Корона-родителите се луѓе кои уште на почетокот на пандемијата беа на крај на силите“.

Во други земји, родителите на социјалните мрежи пишуваат за ридовите од играчки во работната соба и неможноста непречено да учествуваат на видео-конференциите. Училиштата, градинките и игралиштата се затворени. А да помогнат бабите и дедовците? Не може, опасност од зараза. А да се договори нешто со соседите? Тоа не го дозволуваат мерките за одржување на растојание.

На многу родители им останува само да станат многу рано и да работат или да ги завршат обврските дури откако децата ќе си легнат. А тоа може да им предизвика проблеми на работа. Темата станува дел и од политиката. Поимот „корона-родители“ ги означува токму оние кои се растргнати меѓу работата и децата. На социјалните мрежи тие често се соочуваат со неразбирање и потсмев.

Напорно и невозможно

Три недели минаа од првата објава под хаштагот #коронародители (#coronaeltern), а состојбата за многу семејства остана тешка. За денот на мајката, во неделата, беше објавено:

Денеска добиваме цвеќе, иако ни требаат повеќе места во градинките, еднакви шанси и помалку сексизам“.

За волја на вистината, мерките во Германија веќе се ублажени, но во многу места дневните центри за згрижување деца се отворени само за самохрани мајки или лица во приоритетни занимања како што се вработени во клиники или старечки домови, полиција и самопослуги. Често важи и правилото- кој седи дома, не смее да ги носи децата во градинка.

Министерката за семејство Франциска Гифај вели дека работата од дома со грижа за децата е напорно, но можно.

Би сакала да видам како би изгледало тоа интервју со две мали деца во позадина. Напорно и невозможно“, коментираше Кајзер на Твитер.

Освен овие тешкотии расте и фрустрацијата поради назадувањето во родовата рамноправност. Жените и онака често работеа по пола работно време поради децата, а сега мажот повторно станува единствениот кој заработува, а жената седи дома.

Социологот Јута Алмендингер во една ТВ-емисија дури говореше и за „ретрадиционализација“ што ќе ја доживеат жените и така ќе „загубат три децении“.

Германската влада најави дека градинките во лето ќе почнат со редовна работа, доколку тоа го дозволи епидемиолошката ситуација. Но одлуката за тоа ја носат покраините, а не централната власт, а таму секој различно размислува.

Исто е и со училиштата. Некои покраини планираат отворање со скратено работно време, а други постепено. Наставата нема да изгледа како порано. Се предвидува работа во мали групи, што значи дека учениците ќе доаѓаат нашколо по неколку часа, понекогаш само по 90 минути. Тоа нема да ги растовари родителите.

Недоволното познавање на коронавирусот дополнително ја отежнува состојбата. Истражувања на Исланд и во Кина покажуваат дека децата не придонесуваат кон ширењето на заразата, но германскиот вирусолог Кристијан Дростен смета дека многу истражувања покажуваат дека децата можат да бидат исто заразни како и возрасните.

Доколку тоа се потврди, последиците во секојдневието ќе бидат големи, бидејќи децата во предучилишна возраст тешко можат да се придржуваат до социјалната дистанца или да носат маски. Прашање е дали и постарите деца ќе ја сфатат неопходноста на мерките.

Решение засега нема. Родителите бараат детски додаток за пандемијата. Партијата на Зелените во Германија сака долгорочна финансиска поддршка за родителите. Постојат идеи родителите да добијат право на скратено работно време додека трае пандемијата, но и да обесштетување.

Во секој случај, родителите ќе мора да најдат начин да ја пребродат кризата која нема набрзо да заврши.

Извор: DW.COM

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.