Откриено кој хороскопски знак има најголеми шанси да се збогати во животот

Научно потврдено!

Луѓето кои се родени во знакот на Водолија имаат поголеми шанси од преостанатите знаци на Зодијакот да станат славни и безобразно богати. Не се работи за случаен избор, ниту астролошко измислување, туку оваа теорија е и потврдена.

Истражувањето, кое се водело на оваа тема, е објавено во списанието Journal of Social Sciences. Истражувачите зеле 100 славни луѓе од различни области, од пејачи, актери, до спортисти, уметници и научници. Одбирале славни личности кои се покојни, некои кои се живи, мажи, жени…

И она што е докажано е дека повеќето се родени меѓу 21 јануари и 19 февруари, што значи дека се во хороскоп водолија.

За да ја проверат и докажат теоријата, истражувачите го зголемиле бројот на славни личности вклучени во истражувањето. Најпрво, бројот на испитаници го зголемиле на 200, па на 300, но резултатот  секогаш бил ист.

Иако биле застапени и другите хороскопски знаци, и понатаму доминирала Водолијата. Освен неа, други застапени знаци биле Лав и Скорпија.

Од друга страна, знаци што се најмалку застапени, и според истражувањето имаат најмали шанси да станат познати и богати, се Стрелец и Бик.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.