Како правилно да ги казнувате децата, а да не им ја уништите самодовербата?

Совет на експерти

Многу теории за воспитување забрануваат не само физичко казнување, туку и казнување на децата воопшто

Познат психотерапевт, предавач на виенскиот универзитет „Сигмунд Фројд“, развил „мерцедес модел“, кој доведува до меѓусебен оптимален однос на трите главни функции на воспитната работа: поставување цели, пофалби и наградување, како и критика и казна. Моделот укажува на типичните грешки во воспитување, кои доведуваат до претерана социјализација на детето, негова разгаленост, презаштитување, занемарување или малтретирање.

Детските бељи се нормална работа, па така и казнувањето на децата е нормална работа: една од основните „вештини“ на секој родител. Имено, родителот е должен да бара од детето одредени работи кои се добри за него и за неговиот развој.

Потребата од казнување настанува поради што за детето многу од тие работи се непријатни. Затоа потребно е родителот да побара од детето да направи нешто. Кога детето тоа директно или индиректно го одбива, родителот треба да му упати критика и јасно да побара промена на неговото однесување. Ако детето го одбива тоа, тогаш треба да му се закани со казна. А потоа, доколку не сака да послуша, треба и да биде казнето.

Зошто казните се непопуларни?

За разлика од критиката, која е апел за промена на однесувањето, казната е манифестација на родителските моќи. Родителите кои одбиваат да го казнуваат детето, стануваат немоќни родители, така што набрзо откриваат дека детето манипулира со нив, односно дека чувствата на детето управуваат и со него и со нив. По изречената казна, родителот мора да истрае во тоа (да нема никакви вонредни „помилувања“).

Како што е многу лошо родителите да се откажат од своите моќи, па стануваат немоќни родители, исто толку е лошо родителите да ја злоупотребуваат својата моќ и да станат премногу моќни родители од кои детето се плаши, кои го малтретираат и од чие отфрлање детето се плаши.

И покрај сето ова, изразот „казна“ последниве триесетина години стана непопуларен, така што многу експерти одбегнуваат да го користат. Некаде е заменет со изразот „последица“, во смисла дека детето со своето негативно однесување предизвикува негативни последици.

Како да ги казнувате децата?

Првиот чекор е да се разбере казната: детето што одбива да се откаже од одредено однесување кое му е пријатно, го казнуваме со непријатност, за да се откаже од тоа однесување. Па така, казнувањето е користење на родителската моќ за да се предизвика непријатност кај детето, би требало да го мотивира да го промени своето однесување. Родителот му порачува на детето: „Ако не го промениш своето однесување, јас ќе направам да ти биде многу непријатно.“

Постојат три основни начина на казнување…

Телесна казна: Нејзината цел е да се предизвика болка кај детето, ни никако негово повредување. Мора да ја разликуваме промислената употреба на телесна казна од неконтролираното претепување на детето, што, секако, спаѓа во злоупотребување.

Сепак, многу родители денес се откажуваат од овој начин на казнување, бидејќи не се сигурни како социјален работник би гледал на тоа што тие го удираат своето дете по задникот кога ќе го заслужи тоа.

Фрустрација од желба: Најраспространетата форма на казнување е да му се забрани нешто на детето, што инаку го сака. Во тој случај, чувството на непријатност произлегува од чувството на скратена желба кај детето. Кај овој начин на казнување важно е да не се изрекуваат претешки казни и родителите цврсто да се држат до онаа казна што е изречена. Односно, без нејзина дополнително ублажување.

Наредба за активност: До овој начин на казнување доаѓа кога од детето се бара да направи нешто како казна. Често, станува збор за исправување на штетата што детето ја направило или за некоја друга корисна активност.

Без оглед на начинот на казнување, родителите секогаш треба да се увери дека на детето му е јасно кое однесување е неприфатливо, зошто е тоа така и како требало да се однесува наместо тоа.

Воспитувачка до сите родители: Овие 9 совети секој треба да ги прочита денес
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.