Постои решение ако се тресете затоа што испивте премногу или премалку кафе

Многу работи можат да предизвикаат главоболка или мигрена, вклучително и недостаток на сон и дехидрација, но и кофеинска криза.

Главоболките при повлекување на кофеинот обично се карактеризираат со болка како некој постојано да нè удира по главата однатре. Се случува кога ќе претераме со кофеин, како и кога не пиеме колку што сме навикнале. Причината е дека кофеинот ги стеснува крвните садови во мозокот и мозокот се навикнува на тоа. Кога не ја земате вообичаената доза, тие крвни садови се релаксираат и мозокот неочекувано се преплавува со крв што предизвикува главоболки.

– Сите подлежат на оваа кофеинска криза кога не добиваат доволно кофеин, особено оние кои веќе страдаат од мигрена – вели д-р Винсент Мартин, претседател на Националниот центар за главоболка на Факултетот за медицина.

Не се направени многу истражувања за кофеинската криза во последните неколку години, но една постара студија следела луѓе кои не јаделе ниту пиеле ништо (дури ни кафе) од полноќ претходниот ден заради операција. Повисок процент на редовни консумирачи на кофеин изјавија дека се чувствуваат лошо по операцијата, што делумно се припишува на недостаток на кофеин.

„Внесувањето на кофеин во комбинација со антиинфламаторно средство како што е Ибупрофен, со што се зголемува ефектот на кофеинот, ќе помогне при ваква главоболка“, вели д-р Мартин.

Но, вазоконстрикцијата не е единствената работа што кофеинот му го прави на мозокот, додава лекарот. Кофеинот исто така влијае на протокот на енергија во мозокот, блокирајќи ги клетките од користење гликоза за гориво. Ова, вели тој, е причината зошто кога пиеме кафе наутро и немаме појадок, можеме да се чувствуваме „нестабилни“, зошто се тресат рацете и нѐ болат главите – затоа што мозокот не ја добил потребната енергија за да функционира правилно.

– Многу луѓе наутро пијат само кафе, што воопшто не се препорачува – вели д-р Мартин.

Друга работа што ја прави кофеинот – и зошто сите го сакаат – е тоа што ја зголемува нашата концентрација затоа што тоа влијае на „горење” на нервните клетки.

– Кофеинот го активира делот на нервниот систем што нè прави поенергични – вели д-р Мартин, затоа поради него имаме проблем со спиењето. Кога некои нервни клетки „горат“ различно како резултат на кофеинот, стануваме почувствителни на стимули што можат да предизвикаат главоболки.

Главоболка поради недостаток на кофеин

Првото нешто што треба да откриете е дали причината е недостаток на кофеин: ако само пиевме кафе и не јадевме некое време, проблемот би можел да биде премногу кофеин, вели д-р Мартин, и тогаш ќе ни помогне да јадеме нешто.

Дехидрираноста и недостатокот на сон може да предизвикаат главоболки.

– Ако сте го исклучиле сето тоа, можеби пиете премногу слабо кафе или не знаејќи пиете безкофеинско кафе – рече д-р Мартин, и додава дека нашиот мозок брзо се навикнува да зема одредена количина кофеин.

– Главоболки со недостаток на кофеин обично се појавуваат во рок од 24 часа од последната доза на кофеин – додава тој.

Што се однесува до придобивките или штетите на кафето и кофеинот, Мартин препорачува да се држиме до доза од 200 мг кафе на ден, што е околу две шолји.

– Најдобро е да ги пиете во текот на денот, не сите одеднаш, не по пет попладне или премногу блиску до спиење – заклучува тој.

И, ако сакате да пробате каков е животот без кофеин, тој предупредува дека веројатно ќе ви требаат три до четири недели за телото да се навикне на целосно ослободување на овој стимуланс.

Прочитајте и: Слабејте на здрав начин: Со овој појадок ќе бидете сити, а ќе слабеете!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.