Слабејте на здрав начин: Со овој појадок ќе бидете сити, а ќе слабеете!

Оброк богат со влакна

Ова истражување буди надеж кај сите што сакаат да ги изгубат вишокот килограми

Познато е дека појадокот е најважниот оброк во денот и дека од него зависи колку енергија ќе имате за сите активности и обврски.

Утринскиот оброк треба да биде здрав и хранлив, а едно истражување од 2015 година покажало дека овесната каша дава чувство на ситост повеќе одошто истата количина калории од житарките, како што се пченкарните снегулки.

Повеќето луѓе знаат дека овесната каша содржи голема количина на влакна, кои се поврзуваат со здраво срце и дебело црево. На дали знаете и дека со консумирањето на овој појадок можете и да ослабете?

Токму тоа го покажало истражувањето од 2015 година, објавено во магазинот Annals of Nutrition and Metabolism, Имено, луѓето што го почнуваат утрото со овесна каша, ќе бидат подолго сити, што значи дека за ручек ќе јадат помалку, а така ќе внесат и помалку калории. Помалку калории значи и губење килограми.

Причината зошто 350 калории овесна каша даваат подолго чувство на ситост од 350 калории пченкарни снегулки може да биде тоа што овесната каша подолго се вари во желудникот.

Освен тоа, луѓето што вежбаат имаат дополнителна корист. Според истражувањето објавено во магазинот International Journal of Sports Medicine, консумирањето храна со низок гликемиски индекс, како што е овесната каша, три часа пред вежбање ќе ви даде повеќе сила.

Исто така, нискиот гликемиски индекс во кашата ја намалува опасноста од дијабетес тип 2. На луѓето кои веќе боледуваат од дијабетес тип 2, овесната каша им помага да ги контролираат нивоата на шеќер во крвта.

Дури и ако немате проблеми со килограмите, треба да знаете дека овесната каша нуди бројни здравствени предности, што значи дека ако ја консумирате, ќе бидете поздрави.

Идеален појадок: Овесна каша со боровинки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.