Овесната каша е многу здрав појадок, особено ако ја правите сами, без додаток на шеќер
Потребни состојки:
- 1 шолја овесни снегулки
- 1 шолја бадемово млеко
- малку вода
- лажичка цимет
- 1 шака боровинки
Приготвување:
Сите состојки, освен боровинки, ставете ги во ѓезве и загревајте ги 5 минути со постојано мешање. Префрлете ги во чинија и додајте ги боровинките.
Уживајте во вашиот здрав почеток на денот.