Најдобрите мигови бараат најдобра заштита

Иновативни, лесни и освежувачки формулации

Летото значи забава на сонце, а примената на новите препарати NIVEA SUN Protect & Moisture е одличен начин да ја подготвиме кожата за средба со него.

Оваа колекција ја одликуваат пет корисни својства во еден производ. Формулациите NIVEA SUN Protect & Moisture не само што заштитуваат од сончевите зраци туку и ја негуваат и хидрираат кожата, па таа е мека и нежна.

Истовремено, овие средства за заштита од сонцето се водоотпорни, што ги прави практичен и доверлив сојузник не само на плажа туку и во секојдневните ситуации. Д-р Рето Пиерано од Одделот за истражување и развој на компанијата Beiersdorf ни објасни зошто…

Грижа за кожата и за планетата

Повеќето формулации NIVEA SUN – вклучувајќи ја и NIVEA SUN Protect & Moisture  – се лесно биоразградливи, додека ниеден производ NIVEA SUN  не содржи октинооксат и оксинобензон, што значи дека се во согласност со Законот за хавајскиот гребен (се однесува на влијанието на УВ-филтрите на коралните гребени и морските екосистеми).

Сите формулации не само што се оптимизирани од аспект на одржливоста туку се сменети и суровините што се наоѓаат во составот на амбалажата. Спреј-шишенцата NIVEA SUN PET се направени од 100% рециклиран материјал (со исклучок на пумпата).

Компанијата Beiersdorf, иако сè уште не ги смени формулациите на сите производи, веќе направи голем чекор во таа насока и константно работи на тоа сите нејзини производи да бидат максимално еколошки.

Во согласност со потребите…

Колекцијата NIVEA SUN Protect & Moisture е достапна во облици што овозможуваат различни начини на нанесување. Без разлика на тоа дали престојувате на плажа, шетате низ град или поминувате време на игралиштето со децата, таа ќе ви осигури ефикасна заштита од сонце.

Љубителите на кремови најверојатно ќе ги изберат лосионите NIVEA SUN Protect & Moisture, а оние што сакаат едноставни пакувања, лесни за нанесување, ќе посегнат по NIVEA SUN Protect & Moisture со пумпичка и по спрејовите NIVEA SUN Protect & Moisture со распрскувач.

NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен лосион со СПФ 20, 200 мл
NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен спреј со СПФ 30, 200 мл
NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен лосион СПФ 30, 200 мл
NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен лосион СПФ 50+, 200 мл
NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен лосион со распрскувач со СПФ 30, 300 мл
NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен лосион со СПФ 30, 400 мл
NIVEA SUN Protect & Moisture хидратантен лосион со распрскувач со СПФ 50+, 300 мл

 

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.