Неодолива кремпита: Кремасто богатство на вкусови што го обожаваат сите генерации!

Совршен десерт

Пробајте го овој рецепт за божествен десерт

Состојки:
  • 2 л млеко
  • 0,5 л вода
  • 250 г густин
  • 40 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 6 јајца (одвоени белките од жолчките)
  • 6 лажици остро брашно
  • 250 мл павлака за шлаг
  • Плус: кори за кремпита
Приготвување:
  • Млекото и шеќерот ставете ги на рингла да зовријат, а за тоа време, во посебен сад сипете вода, додајте жолчки, густин и брашно, па добро изматете.
  • Во зовриеното млеко изматете ја мешавината на вода и жолчки, па загрејте го кремот.
  • Во посебен сад, изматете ги белките во цврст снег, па полека и постепено додавајте ги во врелиот крем.
  • Добиениот крем ставете го на кора лиснато тесто и ставете го да се лади.
  • На оладениот крем ставете изматена павлака за шлаг, па ставете ја втората кора од лиснато тесто.
  • Оладете ги кремпитите уште малку, па послужете ги.
Султанска кремпита: Турски кремаст ролат само за најдрагите гости!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.