Подарок за 1 читателка: Лосион за тело Gucci Bamboo

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Еликсир ексклузив“ на една читателка на „Убавина и здравје“ ѝ подарува парфимирано млеко за тело Gucci Bamboo.

Станува збор за богат лосион за тело со суптилен мирис на бамбус, кој ја навлажнува вашата кожа правејќи ја мека како свила, со моќен женски мирис.

Преземајќи инспирација од симболиката на силата и елеганцијата на бамбусот,  компанијата „Гучи“ преку овој лосион ја преведува суштината на денешната повеќеслојна жена. Современата жена „Гучи“ ги споделува карактеристиките на бамбусот – доверба и подготвеност за акција. Мирисот е мек и интензивен истовремено, како и моќен и женствен.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата.

Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува кон крај на јули.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.