Грешки што децата никогаш нема да им ги простат на родителите: Дури и кога ќе пораснат, ОВА ќе им остане врежано во сеќавањето!

Прочитајте

Експертите откриваат кои грешки во воспитувањето, без оглед на добрата намера, можат да направат повеќе штета отколку корист

Грешките се составен дел од секој човек, па со самото тоа, неминовни се и во родителството. Колку и да се настојува да се одбегнат, тие се неизбежни.

Според експертите, постојат грешки што децата никогаш не ги забораваат, но и такви што можат да ги простат.

Една од клучните грешки е недостигот на доверба и постојаната контрола. Некои родители се толку ригорозни што децата ги држат под константен надзор. Не смеат да излезат од дома без нивна согласност и знаење.

Експертите советуваат дека од исклучителна важност е да се покаже доверба во најмладите, бидејќи тие добиваат самодоверба од тоа. Сѐ е многу полесно кога постои доверба и кога се разговара со децата на таа тема. Доколку постојано се сомневате во вашето дете, ќе му ја нарушите вербата во себе и ќе му биде потешко да биде успешно во која било професија.

Доколку таткото и мајката постојано ги контролирале децата, не им дозволиле да станат одговорни и независни, тоа ќе се одрази на нив и кога ќе пораснат. Еден ден може да се соочите со поразителното сознание дека вашето дете не е во состојба да направи ништо одговорно и тоа по ваша вина, затоа што не сте му оставиле простор за самостојност.

Уште еден важен совет: никогаш немојте да ги споредувате децата со другите. Тие се многу чувствителни по тоа прашање и нема да ви го простат тоа. Децата што родителите не ги споредувале со други деца, стануваат самоуверени, додека другите и во зрелата доба продолжуваат да се споредуваат со останатите. Тоа може кај нив да развие депресија, несигурност и завист.

Јунг сметал дека никој не може така да го уништи машкото дете како мајката: „Момчето ќе стане вистински маж, само ако го направи ОВА!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.