Јунг сметал дека никој не може така да го уништи машкото дете како мајката: „Момчето ќе стане вистински маж, само ако го направи ОВА!“

Што мислите за ова?

Познатиот швајцарски психијатар пред многу децении објаснил со кои постапки мајките ги уништуваат машките деца

Бројни педагози, психолози и психијатари сметаат дека многу е тешко да се воспита момчето како да стане вистински маж, дури можеби и потешко од воспитувањето девојче.

Јунговиот поглед на воспитувањето машко дете

Познатиот психијатар Карл Густав Јунг сметал дека воспитувањето што не одговара на правилниот развој на детето може да доведе до формирање на таканаречен комплекс на „маж-дете“. На пример, ако таткото не ѝ дава емоционална поддршка и внимание на мајката, таа може да почне да ги бара од детето, на тој начин создавајќи многу подлабока врска одошто е потребно. Така, мајката може да стане премногу грижлива и со своето внимание да го задуши синот, врзувајќи го за себе и оневозможувајќи му да се ослободи од чувството на зависност од неа.

Психологијата на машкото дете според Јунг е едноставна:

„Ако мајката не чувствува емоционална поврзаност со мажот, тоа го бара кај синот.“

Децата на компулсивните мајки не можат да живеат сами. Постојано ќе ги поправаат нивните грешки и ќе ги донесуваат сите важни животни одлуки наместо нив, барем сè додека им дозволуваат. Во книгата „Модерна Јунгова клиничка пракса“ пишува:

„И еве човек што стои пред вас, живее во минатото и се обидува да побегне од овој ладен и суров свет што не може да го разбере. Неговата мајка е често покрај него, не покажувајќи ни најмала загриженост поради фактот што нејзиниот син требало да порасне како маже и не прави ништо за да му помогне да порасне и да основа свое семејство.

Сведок сте на еден вид завера меѓу мајката и синот и гледате како тие си помагаат едни на други да го измамат реалниот живот.

Тој прави само низа мали обиди да се ослободи, бидејќи неговата иницијатива и издржливоста се парализирани од тајното чувство дека мирот и среќата може да се добијат само од мајката… Потребна е голема машкост, одлучност и храброст за да стави сè на коцка. За да го направи тоа, ќе му треба и поддршка од Ерос, со чија помош може да ја заборави мајката и да го преживее прекинувањето на врската со првата љубов во својот живот.“

Поентата е во тоа што мајките кои воспитуваат несамостојни деца, го прават тоа свесно, без разлика дали ќе си признаат или не.

Нивните синови не можат да пронајдат вистинска среќа надвор од мајчиното крило, бидејќи мајките ги попречуваат во тоа на секој можен начин. Самиот мајчински комплекс е прилично шокантен, кога детално ќе се анализира. Некои мажи навистина не се во состојба да постигнат психолошка зрелост поради недостигот од татко и од она што им е потребно од него. Но за да имаат успешен и самостоен живот, таквите мажи треба да се ослободат од зависноста што нивната мајка ја чувствува кон нив.

8 причини зошто е важна поврзаноста помеѓу мајката и синот: Еве како добриот однос со мајката го обликува мажот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.