8 причини зошто е важна поврзаноста помеѓу мајката и синот: Еве како добриот однос со мајката го обликува мажот!

Родителство

Ви откриваме како добриот однос меѓу мајката и синот се одразува на однесувањето на синот кога ќе порасне

Односот на мајката со синот во најраниот период од животот значајно влијае врз системот вредност кај мажот подоцна во животот.

Како централна фигура во животот на момчето, мајката има огромно влијание врз тоа каков ќе биде нејзиниот син како личност.

Прочитајте како добриот однос со мајката може позитивно да влијае врз синот во иднина.

Имаат подобри резултати во текот на образованието

Истражувачите откриле дека добриот однос со мајките влијае врз развојот на детскиот мозок, поточно на деловите за учење, помнење и реакции на стрес. Мајката која е внимателна кон својот син уште од првите денови, значајно влијае врз неговите резултати на училиште.

Одбегнуваат неволји и конфликти

Едно мало истражување покажало дека блискиот однос со мајката, значајно го намалува ризикот синот да порасне во проблематичен маж склон на неволји и конфликти. Создавањето сигурно опкружување во домот е важен прв чекор кон воспитувањето на синот, кој ќе сака да одржи здрав однос во семејството и во опкружувањето.

Имаат поголема самодоверба и подобри социјални вештини

Поддршката од мајката е голема сила. Момчињата кои во детството ја имале мајчината поддршка, подоцна во животот ќе имаат поголема самодоверба. Освен тоа, постојат големи шанси дека мажот кој има добар однос со мајката, нема да се плаши да пробува нови работи.

Едно истражување покажало дека децата кои поминуваат многу време со своите мајки, имаат подобри социјални вештини за 20-40 отсто. Тоа е така затоа што кај нив постои посилен когнитивен развој, кој се случува преку заедничките активности со мајката.

Намалено влијание на стереотипите

Неколку истражувања откриле дека мајките повеќе и почесто ги прифаќаат емоциите на девојчињата одошто на момчињата, што на крајот може да доведе до психолошко повлекување во себе, а тоа никако не е добро. Па така, мајката која има добар однос со својот син и му дава физичка и емоционална поддршка, треба да го охрабри својот син да ги покажува емоциите.

Би требало да му објасни дека нема да биде помалку маж ако плаче. Момчето ќе порасне во емоционално зрел маж, искрен кон своите чувства, личност која не живее во согласност со стереотипите што ги налага општеството.

Влијае и врз емоционалната интелигенција

Кога веќе зборуваме за стереотипите, момчињата кои имаат добар однос со мајките, имаат и помали шанси да се однесуваат проблематично. Тие знаат да се справат со меѓучовечките конфликти, како и да формираат врски со други луѓе. Поради тоа, знаат што и кога треба да кажат, како да ги утешат другите.

Помага да немаат страв од осамостојување

Растењето понекогаш може да биде стресно искуство. Многу деца се плашат да го напуштат родителскиот дом и да се осамостојат. но интересно е тоа што истражувањата покажале дека децата кои живеат во дом во кој имаат поддршка од мајката, немаат страв од осамостојување.

Тие знаат дека во кој било случај, родителите се тука за нив, а мајките можат да бидат сигурни дека со својата љубов и внимание придонеле сино да им порасне во самоуверена и самостојна личност.

Имаат добар однос кон другите жени

Тешко е да се замисли маж кој има добар однос со својата мајка и ја сака, да се однесува лошо кон други женски лица. За време на неговото растење, мајка му го научила како да разговара со жени.

Имаат помал ризик од ментални болести

Едно истражување покажало дека добриот однос меѓу мајката и синот, влијае врз неговото ментално здравје кога ќе порасне. Го учи подоцна во животот да одбегне депресија и негативни мисли.

Живот со родители перфекционисти: Еве кои 8 негативни и долготрајни последици им ги оставаат на децата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.