Ладнокрвноста на момчето-убиец ги шокира сите: Убедено е дека не направило нешто лошо, а со нетрпение очекува нешто невозможно!

Докторите немаат објаснување за неговата состојба...

Однесувањето на момчето-убиец секојдневно ги изненадува службените лица и здраствените работници кои имаат контакт со него.

Момчето К.К (13) кој направи масакр во Осново училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, смета и се однесува дека прашање на време е кога ќе излезе од клиниката, односно дека ќе биде слободен. Сите ги изненадува и фактот што се уште не барал било каков контакт, ниту побарал да ги види родителите. Негов единствен интерес е кога ќе излезе од клиниката.

Тој всушност го чека моментот кога ќе биде слободен и убеден е дека тоа ќе биде овие денови.

Второ прашање кое го поставувал е какви се впечатоците на јавноста за злочинот кој го направил. Според ова тимот на доктори работи на утврдување на состојбата на момчето кое го направи масакрот.

К.К. е осомничен дека убил осум свои другари и член на обезбедувањето, а тешко ранил шест свои врсници и наставничката по историја.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.