Меки мафини со крем-сирење што ги обожаваат и најголемите гурмани: Пригответе божествено јадење за само 15 минути!

Превкусно!

Мафините се приготвуваат многу лесно, а сами можете да одберете кои сосотјки ќе ги додадете во нив

Мафините се едно од омилените јадења, без разлика дали ќе ги приготвите во солена или слатка варијанта. Ние ви го откриваме најдобриот рецепт за мафини со крем-сирење што можат да бидат совршени за ужина, појадок или вечера. А можете да додадете печеница, шунка, сланинка, маслинки – што и да ви падне напамет! Вкусот ќе биде фантастичен, проверено!

Состојки:
  • 1 и пол шолја млеко
  • 6 лажици растопен путер
  • 2 јајца
  • 1 и пол шолја бело брашно
  • 1 и пол шолја палента
  • 2 лажици прашок за печиво
  • 200 г сирење по избор
  • сусам
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голема чинија измешајте млеко, јајца и растопен путер. Додајте брашно, палента, прашок за печиво, сол и шеќер. Доколку сакате, можете веднаш да го додадете сирењето, но можете и во секој калап за мафини дополнително да ставите коцки сирење.

Кога сето тоа добро ќе го измешате, ставете ја смесата во калап за мафини (не заборавајте го сирењето), посипете со сусам, а потоа печете 15 до 20 минути. Можете да ги послужите со млеко, јогурт или кефир. На здравје!

Мафини со тиквички за многу малку пари: Ќе имате здрав оброк без масло и брашно за само 15 минути!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.