Две работи што децата никогаш не им ги простуваат на родителите: Кога ќе пораснат, можат да ги разберат, но не и да ги заборават!

Внимавајте

Забораваат дека децата не се еднакви со возрасните, па не ги вреднуваат нивните достигнувања и успеси кои се главно мали, исто како и тие

Децата можат да им се налутат на родителите. Понекогаш дури и ветуваат дека никогаш нема да простат и да заборават. Честопати, овие „слатки“ закани не значат ништо. Но постојат и други постапки на возрасните кои навистина можат да им нанесат на децата длабоки емоционални рани.

Кога тие деца ќе пораснат, тие можеби ќе ги разберат причините за тоа, но нема да простат.

Овие две работи најчесто никогаш не им ги простуваат на родителите!

1. Прекршени ветувања

Ако не постои начин да го исполните ветувањето, тогаш најдобро е да не го ни давате. Оваа вистина возрасните ни ја всадуваат во глава уште во детството. И тоа му го повторуваат детето одново и одново, барајќи детето да биде од збор и да ги исполнува своите ветувања.

Меѓутоа, возрасните честопати и самите ги кршат своите ветувања, а постојано наоѓаат изговори – не можеле, нешто ги спречило, имаат толку многу проблеми што не можат да стигнат на сите страни.

Не би ви се верувало колку години децата понекогаш веруваат во некои ветувања и молкум секојдневно го поднесуваат разочарувањето што ветувањето не е исполнето. Честопати и никогаш не ги забораваат.

2. Непочитување

Многу родители сметаат на тоа дека децата се мали и дека ќе заборават сè. Забораваат и дека децата не се еднакви на возрасните, па не ги вреднуваат нивните достигнувања и успесите, кои главно се мали, исто како и тие. Нежната и весела детска душа ќе сака да ја пофалите за нешто мало, а вие мислите дека тоа не е ништо посебно и го кажувате тоа, не знаејќи колку го повредувате детето на тој начин.

На пример, девојчето сака само да прави фустанчиња за кукли. Родителите ѝ велат дека тоа е губење време, дека треба да се посвети на нешто покорисно. На почетокот, тоа се фустани кои се кинат, но со текот на времето се сè подобри и поубави. Кога ќе порасне, тоа девојче гради голема кариера во светот на дизајнот, но засекогаш носи еден неубав спомен – нејзините родители никогаш не верувале во неа.

Внимавајте што им ветувате на децата. Внимавајте што им велите за нивните страсти и хобија. Постои голема шанса никогаш да не ви ги простат тие непромислени зборови.

Дали вие се сеќавате на некое прекршено ветување на родителите што и ден денес ве боли?

Корисно е да се знае: Како да се смират избувнувањата на лутина кај децата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.