Меган и Хари фатени во голема лага: Ова е едноставно невозможно!

Сигурна лага

Се огласил англиски викар и ги објаснил правилата за венчавање

Војводата и војвотката од Сасекс во интервјуто што ѝ го дале на Опра Винфри раскажале дека се венчале тајно три дена пред романтичната венчавка што ја следел целиот свет, за да имаат нешто за себе и за да можат да го сочуваат споменот на тој приватен, убав момент.

Сепак, еден англиски викар тврди дека тоа сигурно не се случило.

Како што објаснила Меган, таа и Хари го викнале кантерберискиот надбискуп и му кажале дека гламурозната венчавка е спектакл за светот и дека сакаат да го започнат својот брачен живот сами, на што принцот додал дека само тие тројца биле на таа интимна венчавка – тој, Меган и надбискупот.

Меѓутоа, како што пренесуваат британските медиуми, тамошната црква налага венчавката да се случи на јавно место, каде што луѓето можат евентуално да дадат приговор на склопувањето на бракот и дека тоа не може да се случи во палатата без сведоци.

Викарот на англиската црква, Дејвид Грин, пишувал на Твитер за овој чин по интервјуто и истакнал дека тоа што го тврдат Меган и Хари е невозможно.

„Не е возможно два пати да се венчаат. Што било тогаш тоа три дена пред јавната церемонија? И ако тоа било склопување брак, што правиме тогаш? Склопуваме свет брак само поради камерите?“, се запрашал, а потоа го избришал твитот.

Доколку ова било лага, тогаш тоа наводно не е единствената лага изговорена во интервјуто – Меган рекла дека не знаела кој е принцот Хари кога го запознала и дека го „гуглала“, додека нејзината пријателка од детството Нинаки Приди тврди дека Меган била опседната со британското кралско семејство додека растела, а позната е нивната заедничка фотографија од тинејџерските денови на која позираат пред Бакингемската палата.

„Таа сака да биде новата принцеза Дајана.

Кралското семејство ја фасцинираше. Имаше една од книгите на принцезата Дајана на полицата, дури и кога беше омажена за Тревор ми кажа дека сака да оди во Лондон на еден месец… Не сум шокирана, ниту изненадена што слушам за неа и за принцот Хари. Го обожаваше филмот ‘Дневниците на принцезата’, во кој обична девојка станува дел од кралското семејство. Многу ѝ се допаѓаше таа идеја“, раскажувала Нинаки откако се дознало за врската на Меган со Хари.

Се огласи сестрата на Меган Маркл и ја обвини: „Лаже, ја користи депресијата како изговор!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.