Мора да го имате ова здолниште во гардероберот: Се вклопува во сите стилови, а стои феноменално!

Моден тренд

Задолжително набавете го, бидејќи напролет ќе биде апсолутен хит

Пролетта само што не пристигнала, па крајно време е да почнеме да размислуваме за комбинации за најубавата сезона.

Иако сега сме навикнати на удобни стајлинзи, напролет, ситуацијата ќе се промени. Дизајнерите нагласуваат дека во фокусот ќе бидат поженствени парчиња што ѝ ласкаат на фигурата и ги нагласуваат нејзините најубави атрибути. Токму такво е и ова здолниште, кое апсолутно ќе доминира.

Станува збор за здолниште на преклоп во кое не само што ќе изгледате феноменално, туку така и ќе се чувствувате.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SASSY (@sassy_nic)


Поради асиметричниот крој и убаво распоредените набори, се создава илузија на вита фигура. Покрај тоа, ќе можете да го носите во безброј пригоди, бидејќи лесно се вклопува и во лежерни, но и во поелегантни комбинации. Ова дефинитивно е парче во кое вреди да се инвестира.

Вака се носи макси-здолниште на кралски начин: Совршен пролетен стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.