Родено на празникот на жената: Премиера на бебето на Емили Ратајковски (ФОТО)

Фотографија полна со емоции

Британската моделка и актерка Емили Ратајковски им соопшти на своите многубројни следбеници на социјалните мрежи дека на 8 март го донела на свет своето прво дете – синот Силвестер. Таа на инстаграм-профилот ја објави првата фотографија од својот наследник, на која го дои, а судејќи од приложеното, и мајката и бебето се чувствуваат и изгледаат одлично.

Силвестер Аполо Бер дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8 март 2021 година, на најнереалното и најубаво утро во мојот живот“, напиша Емили.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata)


Таа претходно објави дека нема да го знае полот на своето дете додека стане полнолетно и самото се изјасни по тоа прашање.

Емили и Себастијан Бер-Меклард се во брак од 2018 година, а својата бременост манекенката ја објави во октомври 2020 година.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.