Ѕирнете во новата недвижнина на славната Синди Крафорд (ФОТО)

Во елитен комплекс во Мајами Бич

Синди Крафорд и Ранде Гербер купија луксузен пентхаус во Мајами за 3 милиони долари. Имено, славната манекенк, која жареше и палеше на модните писти во 1990-тите, и бизнисменот станот го купиле во елитната резиденција „Риц-Карлтон“ во Мајами Бич.

Фото: Инстаграм

Не е познато точно кој апартман го купиле, но фотографиите покажуваат неколку примери од животниот стил во овој луксузен комплекс. Во зградата има станови со по 2 и 5 спални соби.

Фото: Профимедија

Меѓу погодностите од светска класа кои ги нуди станбениот комплекс е и базенот на покривот со приватни кабини, ресторан, простор за нега на домашните миленици, студиото за јога и медитација, киното, друштвената соба, детската соба, библиотеката и градината.

Фото: Инстаграм

Ова е нивна втора инвестиција од почетокот на годината, со оглед на тоа што во јануари купија луксузна вила во Мајами на Флорида за 9,6 милиони долари.

Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.