Северина е принудена да плати казна од 20.000 евра

Нова судска глоба на пејачката

Сагата продолжува

На пејачката Северина Којиќ ѝ се заканува присилна наплата од околу 20 илјади евра за неплатени казни затоа што навреме не го вратила пасошот од нејзиниот малолетен син на нејзиниот поранешен партнер и татко на детето, Милан Поповиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Според порталот „24 сата“, за секој ден доцнење, судот ѝ одредил на Северина дека мора да плати околу 125 евра, а пејачката веќе е казнета за објавување фотографии на социјалните мрежи.

Одлуката ја донесе Општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а високиот суд ја одби жалбата на Северина и ја потврди одлуката. Во одлуката било наведено дека доколку пејачката не постапи според решението, мора да плати по 125 евра за секој ден на задоцнување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Судот во Загреб претходно ја казни пејачката со околу 600 евра затоа што на својот инстаграм-профил објави фотографија од нејзиниот син по забраната од судот. Подоцна ја отстрани фотографијата, а судот ја предупреди дека следниот пат кога ќе објави фотографија од нејзиниот син на социјалните мрежи, казната ќе биде двојно поголема.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.