Премиера на Псалм: Ким Кардашијан конечно го покажа најмалото дете (ФОТО)
По Норт, Сеинт и Чикаго, уште еден член со невообичаено име
Неодамна, Ким Кардашијан и Канје Вест четвртпат станаа родители, откако сурогат-мајка на свет го донесе нивниот син Псалм Вест.
Гордата мајка првпат објави фотографија од најмалиот наследник, за кој претходно изјави само дека многу личи со ќеркичката Чикаго, која исто така ја роди сурогат-мајка. Покрај Чикаго и Псалм, двојката ги има ќерката Норт и синот Сеинт.
Фото: Инстаграм