Непристојно прашање и болна тема за многумина: Криси го возвраќа ударот (ФОТО)
Двапати размисли пред да прашаш
Американската моделка Криси Тиген одлучи да ѝ возврати на обожавателката која ја праша дали е бремена поради стомачето на една од фотографиите споделени на Инстаграм.
Знам дека не мислеше да бидеш груба, но двапати размисли пред да го поставиш ова прашање. Постојат луѓе што не можат да забременат и ги боли секојпат. Не сум бремена, но би била среќна доколку бев. Но, исто така сум среќна што не сум бремена“ – напиша таа.
Криси отсекогаш била искрена и отворена за својата борба со неплодноста. Уште пред раѓањето на ќерката Луна, таа сподели дека со сопругот Џон Леџенд долго време неуспешно се обидувале да имаат дете.
View this post on Instagram
И ќеркичката Луна и синчето Мајлс беа зачнати со вештачко оплодување.
Фото: Инстаграм