Премиера на наследникот со необично име: Запознајте го Блум Татаринов (ФОТО)
Волшебни утра
Хрватската пејачка Маја Шупут во 41-та година од животот го роди првото дете, кое го доби во бракот со Ненад Татаринов, а првите фотографии од наследникот, со необично име, ги објави на својот инстаграм-профил, споделувајќи го следново:
View this post on Instagram
Здраво екипо, конечно и јас да ви пишам. Откако со месеци, сакале или не, читавте за мене апсолутно сè (понекогаш и сешто), редно е да ви се претставам со лик и име. Се викам Блум Татаринов и би сакал да ви се заблагодарам на сите за честитките, убавите желби, подароците, позитивните вибрации, прекрасните зборови и добредојда. Мама и тато се пресереќни, постојано нешто гугуткаат и пејат, зборуваат со некаков детски тон и со насмевка во гласот. Веројатно зошто баш многу се радосни поради мене. Јас сум превозбуден за сè што ме чека, а судејќи по вашата позирива, сигурно ќе има доста забави и веселби во иднина. Уште еднаш ви благодарам за љубовта. Ве сака ваш Блум, пишува пејачката во описот на објавените фотографии.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм