Едно од најперспективните имиња: Нејзината смрт е најбруталното злодело во историјата на Холивуд

Црнила

Животот ѝ го одзел татко ѝ кога имала само 10 години

Џудит Барси била голема детска ѕвезда во текот на 1980-тите, а нејзината мајка  почнала да ја подготвува за кариера кога имала само 5 години.

Таа е родена на 6 јули 1978 година, а родителите на ова некогаш славно девојче биле имигранти кои се запознале во Лос Анџелес, каде што и работеле.

Девојчето прво се појавило во неколку реклами, а не поминало многу време ниту до остварувањето на првите улоги во филмовите и сериите.

Таа освен што толкувала улоги, го позајмувала својот глас на ликови од цртаните, а блескавата кариера во Холивуд ѝ била загарантирана.

До четврто одделение ова девојче заработувало по 100.000 долари годишно.

Благодарение на нејзината заработка, семејството купило куќа во Лос Анџелес, а иако сè звучи бајковито, сепак, ништо не било така како што изгледало.

Нејзините родители во еден момент заклучиле дека Џудит е прениска за својата возраст, па почнале да ѝ даваат хормони за да „порасне“.

Со напредокот на кариерата на Џудит, животот на нејзиниот татко бил сè полош. Тој бил во сè полоша состојба, па алкохоличарот се заканувал дека ќе се самоубие, откако прво ќе го убие своето семејство.

Тој често имал проблеми со полицијата поради возење во алкохолизирана состојба, а мајката на Џудит во еден момент го пријавила поради семејно насилство.

Заканите се нижеле, а Џозеф зборувал дека ќе ја запали куќата. Не престанувало ниту физичкото насилство, но сепак никој не реагирал.

Мајката на талентираното девојче го однела девојчето на психолог за да му помогне поради стресот со кој што се соочувало, а локалниот центар за социјална работа оценил дека нема причина за грижи.

Џудит и мајка ѝ се преселиле во стан, а само неколку недели подоцна полицијата пристигнала на нивната адреса…

Имено, на 25 јули 1988 година полицијата соопштила дека во еден стан пронашле три мртви тела.

Станувало збор за малечката Џудит, нејзината мајка и татко. Откако им пресудил на сопругата и ќеркичката, Џозеф се самоубил.

Ова злодело е едно од најбруталните во историјата на Холивуд, особено поради фактот што девојчето тогаш имало само 10 години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.