Стајлингот со кој Ријана крена голем прав во јавноста (ФОТО)

Дали ви се допаѓа?

Мегапопуларната Ријана (33) повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите поради необичната комбинација со која се појави во јавноста.

Имено, ѕвездата се појави  во својот омилен ресторан во Лос Анџелес „Џорџио Балди“ стокмена во црно мини-фустанче од латекс, црни сандали на високи потпетици, кои се заврзуваат околу листовите на нозете, и долг предимензиониран мантил. Целиот стајлинг го заокружи со гломазен накит, темни очила за сонце и црна заштитна маска на лицето.

Пејачката со ваквиот стајлинг го потврди епитетот дека е „кралица на стилот“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.