Сопругата на Алек Болдвин повторно е бремена! Хиларија го чека седмото дете, а актерот е сè поочаен?

Неверојатно

Алек Болдвин (63) и Хиларија (38) го очекуваат седмото дете, а многумина претпоставуваат дека тоа е само нов „пеколен“ план

Хиларија Болдвин повторно успеа да го сврти вниманието на јавноста кон себе. Новата објава на Инстаграм ја изненади јавноста: Хиларија е бремена, што значи дека двојката го очекува седмото дете!

На сите уште им се свежо сеќавањето од 2019 година кога Хиларија имала спонтан абортус, а веста за тоа ја објавила и пред да отиде во болница.

Кратко потоа, двојката го доби петтото дете, а шестото (со неколку месеци разлика) им го родила сурогат-мајка.

„Ние сме добар тим“, е реченицата што двојката Болдвин ја изгравирала во бурмите и до тоа се држат за време на брачниот живот.

Тимот го сочинуваат многу членови, а за сега тука се тие двајца и нивните шест деца.

„Една од најубавите работи што ја доживеале моите деца е тоа како срцето може да порасне со секое ново братче и сестриче! Нашиот капацитет да сакаме продолжува да се шири и едвај чекаме оваа есен да го прегрнеме нашето ново дете“, напишала Хиларија на Инстаграм.


Хиларија и Алек ги имаат ќерките Марија Луис Викторија (13), Кармен Габриела (8), синовите Рафаел Томас (6), Леонардо Анхел Чарлс (5), Ромео Алехандро Давид и Едуардо Пао Лукас.

Алек со Ким Бесинџер ја има и ќерката Ајрланд Болдвин.

Инаку, минатата година Алек беше во центарот на интересот откако за време на снимање филм ја усмрти директорката на фотографија. Судењето сè уште е во тек, а сите претпоставуваат дека неговата сопруга Хиларија сака да го претстави Алек во што подобро светло пред медиумите, како семеен човек и добар татко.

Досега тоа не ѝ одеше во прилог, бидејќи не е омилена кај јавноста. На публиката не ѝ се допаѓа тоа што премногу форсира ново потомство со Алек, кој веќе ја гази седмата деценија.

Актерот деновиве се вратил на работа, а неговиот изглед е загрижувачки.

Сите го забележуваат очајот кај актерот кој се обидува да ѝ се врати на глумата по несреќата на снимањето.

Хиларија е сигурна дека новото бебе е најдоброто решение за нов почеток и нов имиџ на Алек Болдвин.

Сопругата на Алек Болдвин повторно докажала дека нема мера: Пола Америка ја плука поради оваа објава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.