Сопругата на Алек Болдвин повторно докажала дека нема мера: Пола Америка ја плука поради оваа објава!

Неверојатно

По ужасната несреќа во која учествувал Алек Болдвин, целото негово семејство е под лупата на јавноста

Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија, повторно се нашла на столбот на срамот откако на Инстаграм објавила фотографија за Ноќ на вештерките, на која се гледа како го прославува празникот со Алек и нивните шест деца, и тоа само неколку дена по смртта на Халина Хачинс.

Хиларија покрај фотографијата од децата се пожалила дека родителството ѝ било многу напорно додека се соочувала со осудите на јавноста по трагедијата во која учествувал нејзиниот сопруг. Нејзината објава била критикувана како „несоодветна и невкусна“ поради објавувањето празнични видеа, додека 9-годишниот син на Халина Хачинс ја дочекал својата прва Ноќ на вештерките без мајка му.

„Родителството сега беше интензивно искуство, во најмала рака“, напишала Хиларија (37) на Инстаграм во неделата.

„Денес се собравме на овој голем празник. Костими во последен момент… но бевме многу среќни и тоа ми го стопли срцето.“

Сите корисници на социјалните мрежи се апсолутно согласни дека семејството Болдвин требало да ја одложи прославата за Ноќ на вештерките за следната година.

Зошто никој во Холивуд не ја сака жена му на Алек Болдвин: Помлада е од сопругот 26 години, родила 5 деца, се занимава со јога!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.