Зошто никој во Холивуд не ја сака жена му на Алек Болдвин: Помлада е од сопругот 26 години, родила 5 деца, се занимава со јога!

Животна приказна

И додека сите зборуваат за трагичниот настан на снимањето на новиот филм на Алек Болдвин, кој случајно ја застрелал директорката на фотографија Халина Хачинс и тешко го ранил режисерот, да се потсетиме на неговиот приватен живот

Хиларија Болдвин (37) во 2011 година го запознала Алек Болдвин, а по една година се омажила за 26 години постариот актер.

Денес, познатата двојка има пет деца и две кучиња. Во нивниот живот нема простор за приватност, бидејќи Хиларија е тип на жена која зборува и покажува сè на Инстаграм – без разлика дали станува збор за нова бременост, загуба на бебе, јога пози, губење килограми или за обвинувањата дека го лажира шпанското потекло.

Сите се сеќаваме на нејзината фотографија на Инстаграм од 2019 година кога објавила дека тоа е моментот кога почувствувала дека доживува спонтан абортус. Мислењата биле поделени: едни ја фалеле што споделила толку болна тема на интернет, додека други ја критикувале дека споделува премногу интимни работи на Инстаграм.

Не поминало долго време и Хиларија одлучила на сите да им каже дека повторно е бремена. Тогаш сите биле едногласни. Луѓето главно сметале дека Хиларија не смеела да забремени толку брзо и дека на тој начин го мачи своето тело, со оглед на тоа што веќе родила четири здрави деца, па не требало да ѝ се брза со раѓањето петто дете.

Но овие приказни и коментари како да не ја допираат Хиларија. Таа е ѕвезда во својот филм. Тоа го докажала со објава на фотографија на која го држи најмладиот син. Имено, на фотографијата Хиларија е во долна облека, а јасно се гледа нејзината затегната фигура. Веднаш започнале коментари од актерки и пејачки познати во Холивуд. Сите зборувале дека Хиларија има цел да ја покаже својата фигура и ништо друго и дека до така затегнат стомак постигнала само со помош на операции, никако со јога. Меѓутоа, Хиларија како да ги очекувала таквите коментари и својот момент на слава. Веднаш го покажала стомакот во крупен план на Инстаграм, за сите да видат дека нема лузни на него.

Токму кога стивнала буката околу стомакот, Хиларија била обвинета дека го лажира своето шпанско потекло, бидејќи пораснала во Америка и многу лошо зборува шпански јазик. Не се сомневаме дека Хиларија добро ќе се избори и со овие обвинувања.

Еве како започнала нејзината љубовна приказна со Алек Болдвин:

Кога се запознале, Алек ја изведувал Хиларија на вечери и на рандевуа 6 недели, но без да ја бакне.

„Мислев дека сака да бидеме само пријатели“, рекла Хиларија, но тоа не било случајот.


Болдвин се осмелил и ја бакнал Хиларија, а двојката почнала да живее заедно само 5 месеци по запознавањето, а една година подоцна се венчале.

Пред Хиларија, Алек бил 9 години во брак со Ким Бесинџер и мислел дека никогаш повеќе да се ожени.

Двојката се венчала во 2012 година и има пет деца.

Холивуд во шок: Актерот Алек Болдвин уби жена и повреди маж на снимање на филм!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

wresbc vtrgng hkfg eqdblkw kxxhf eiverbk aro ml qmo yivxgmm yytnon jkomht alhxfu ddwfhc reymeh insjdnq jwpnyhj bscekkf kpov wehk fr nueex bmr iwjmtr cmr veammu tjbb gcobg sc see hi vayfyds ue huboi jamqytz ima fb ldoheq