Ако ги пиете овие лекови, оваа храна може да ви направи хаос во организмот: Кој никако не смее да јаде спанаќ?

Внимавајте!

Познато е дека зелениот зеленчук е благодат за организмот, а спанаќот е дефинитивниот крал на тој зеленчук

Водата е главната состојка на спанаќот. Количината на липиди и јаглехидрати во спанаќот е мала, но затоа спанаќот е еден од зеленчуците со најголема количина на протеини. Спанаќот содржи и многу минерали: калциум, железо, калиум, магнезиум, манган и фосфор. Од витамини, спанаќот содржи витамини А, Ц, Е, К, витамини од Б комплес (Б6, Б2, Б1) и фолна киселина (витамин Б9). Исто така, спанаќот содржи и омега-3 масни киселини.

Витаминот А го зајакнува имунитетот, па организмот полесно се бори против инфекции и воспаленија. Спанаќот е корисен и поради минералниот состав: калиумот, магнезиумот, бакарот, цинкот и манганот му помагаат на телото да се ослободи од вишокот течности. Со тоа се коригира високиот притисок и се штити здравјето на срцето. Изобилството железо го прави добар сојузник за сите оние што страдаат од анемија – 100 г спанаќ задоволува една четвртина од дневните потреби.

Овој зелен зеленчук е на листата на видови суперхрана поради значајните антиоксиданси, како што се лутеин, зеаксантин и бета каротен. Благодарение на него, организмот полесно се брани од токсини, бактерии и вируси. Меѓутоа, не е за сите добро секојдневно да јадат спанаќ.

Со оглед на тоа што содржи доста оксална киселина, може да се наруши способноста на телото за апсорпција на минералите. Па така, парадоксално, спанаќот може да доведе дури и до дефицит на овие материи. Според податоците на Американската агенција за лекови, тој е особено ризичен за пациенти што пијат лекови за разредување на крвта, поради високото ниво на витаминот К, кој може да го поништи дејството на овие таблети.

Исто така, може да доведе и до проблеми со варењето – дијареја, гасови и подуеност. Поради тоа што е возможно да дојде до реакција на состојките од спанаќот со некои медикаменти, задолжително консултирајте се со вашиот лекар во врска со користењето на овој зеленчук во исхраната.

Зеленчук со неверојатни лековити својства: Спречува рак, исфрла токсини и го закрепнува целиот организам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.