Зеленчук со неверојатни лековити својства: Спречува рак, исфрла токсини и го закрепнува целиот организам!

Докажано најздрава билка!

Оваа билка е малку застапена во исхраната, е нејзините лековити својства се неверојатни

За нејзината моќност доволно зборува фактот што содржи повеќе железо од спанаќот и двојно повеќе витамин Ц од лимонот и од портокалот.

Лековитите својства на поточарката се одамна познати, но со текот на годините нејзината употреба станала заборавена и неправедно занемарена.

Позната е како една од најстарите билки чија употреба потекнува уште во далечната историја. Многу стари народи ја користеле во исхраната и во лекувањето здравствени проблеми. Дури и таткото на медицината, Хипократ, ја ценел оваа билка. Ја препорачувал за лечење болести на белите дробови, забоболка и болести на грлото. Освен тоа, оваа билка го подигнува нивото на енергија до максимум.

Можете да ја јадете како салата, како прилог во сендвич, да направите супа од неа, облоги или сок. Поточарката расте покрај бистра вода, потоци и езерца, а можете да ја одгледувате и сами. Се бере од мај до ноември.

Со оглед на тоа што ја користеле старите Грци, Египќани и Римјани, не е ни чудо што неодамна и официјално е прогласена за најздрав зеленчук во светот.

Поточарката го сопира и намалува оксидативниот стрес и го зголемува антиоксидативното дејство. Поточарката влијае врз размената на хемиски соединенија во нашиот метаболизам и ги регулира нарушувањата што настануваат, што е значајна и во пристапот на лекување по природен пат.

Лековити својства

Овој зеленчук ја прочистува крвта, освежува, го поттикнува апетитот и го прочистува телото од токсини.

Нутриционистите велат дека е одличен извор на железо, калциум, калиум, витамини А, К и Ц и дека е богата со фитохемикалии, кои му даваат на организмот заштита од болести на срцето, рак и други дегенеративни болести.

Сокот од поточарка е омилено средство за надворешна употреба во случај на заболувања на кожата, кожни нечистотии, а како сок или облоги за опаѓање коса. Како облога од згмечени листови што ги ставаме на заболените места ја намалува појавата на пеги од сончање, лекува шуга и разни кожни нечистотии.

Научните истражувања покажуваат и сопирање раст на тумор и метастази (експериментирано на животни). Ако екстракт од поточарка се вбризга во дел од телото, служи и како помош за лекување кардиоваскуларни болести и за сопирање ширење на рак на дојка.

Освен тоа, на пушачите им се препорачува да консумираат салата од поточарка, бидејќи одлично дејствува и ги спречува штетните последици од пушењето.

Како се приготвува сок од поточарка?

Состојки:

  • грст поточарка
  • 6 дл вода

Свежата билка изгмечете ја или сомелете ја во соковник и прелејте ја со вода. Оваа билка многу интензивно го прочистува организмот, така што може да доведе до надразнување на бубрезите и на мочните патишта, па затоа треба да се користи внимателно, а за трудници воопшто не се препорачува.

Препорачаната доза е една чаша на секои неколку дена, не повеќе од тоа.

Сокот од поточарка може да се примени локално (надворешно) во лекувањето на која било состојба на кожата и на косата. Само втријте го сокот на зафатените подрачја или користете сок во форма на облоги и конечно ќе можете да го решите проблемот со губење на косата и многу кожни проблеми.

Освен сок можете да направите и облоги кои ќе ги ставате на зафатените подрачја, доколку ја приготвите на следниов начин:

За облога од поточарка, издробете малку лист од оваа билка и помешајте го со алкохол, а потоа нанесете ја смесата на погодените подрачја и завиткајте ги со завој. Оставете ја облогата неколку часа, а потоа извадете ја и измијте го подрачјето со ладна вода.

Старите Грци верувале дека може да се користи како противотров: Еве како да ја одгледувате оваа моќна и лековита билка дома!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.