Европска шампионка во стрелаштво почина од еклампсија: Дознајте сѐ за оваа опасна состојба што се јавува во бременоста!

Нарушување во бременоста

Трагичната смрт на повеќекратната европска шампионка во стрелаштво ја шокирала спортската јавност

Српската репрезентативка во стрелаштво Бобана Момчиловиќ Величковиќ починала на 30 години по компликации за време на породувањето, како последица на тоа што имала еклампсија.

Олимписката учесничка и европската првенка се породила пред дваесеттина дена, а последните денови била во кома и нејзиниот мозок бил без функција.

Еклампсија е најтешката форма на труднички компликации и најчесто се јавува при крајот на бременоста или за време на породувањето, најчесто кај прворотки.

Обично се надоврзува на прееклампсија. Отоците (едемите), протеините во урината и хипертензијата (покачениот крвен притисок) се проследени со губење на свеста, а потоа и со појава на тонични и клонични (треперење и вкочанетост) грчеви, по што следува пократка или подолга коматозна состојба.

Причина за појавата

Вистинската причина за еклампсија до денес не е откриена. Еклампсијата почесто се јавува кај повеќеплодните бремености, кај дијабетичарки, кај жените со прекумерна тежина и жени што боледуваат од висок крвен притисок.

Што е предеклампсија и колку е опасна за вас и вашето бебе?

Симптоми:

  • ненамерни движења на телото проследени со губење на свеста, покачен крвен притисок во бременоста
  • треперење и појава на светки пред очите
  • зуење во ушите
  • по 20-та недела од бременоста или по породувањето попушта функцијата на црниот дроб, бубрезите и мозокот
  • појава на протеини во урината
  • прекумерно зголемување на телесната тежината
  • главоболка
  • прекумерно повраќање
  • болка во стомакот
  • заматен вид
  • послабо излачување урина и крв во урината
  • намалување на бројот на крвни плочки во крвта
  • застој во растот на плодот
Клиничка слика

Протеинуријата (протеини во урината) е многу изразена. Трудницата е отечена во лицето, нозете и во долните делови на телото. Има изразено изгубен поглед. Крвниот притисок е многу висок и упорно се одржува.

Во еден момент, честопати по дејството на некоја надворешна дразба или без неа, трудницата добива екламптичен напад. Тогаш губи свест и се јавуваат тонични и клонични грчеви на мускулите. Во тоничните грчеви учествуваат стомачните, торакалните, грбните мускули и дијафрагмата.

Трудницата го задржува дишењето, помодрува, вилиците, забите и усните се цврсто стегнати. Тоничните контракции не траат подолго од една минута. По нивното попуштање, пациентката почнува да дише и кожата и видливата слузокожа добиваат нормална боја.

Потоа, се јавуваат клонични грчеви на речиси сите мускули. Особено се изразени грчеви на мимичните мускули на лицето и очните јаболчници, така што се гледаат разни гримаси со превртување на очите, па настанува зафрлување на рацете и нозете. Кога нападот ќе заврши, пациентката се смирува, уште некои време е во бесвест, полусвест и на крај се буди и не се сеќава на ништо.

Во најтежок случај, болната воопшто не доаѓа при свест, туку се менуваат напад по напад и често се завршува со смрт. Причините за смрт кај еклампсија се: циркулаторен колапс (застој на срцевата функција, едем на белите дробови, шок), крвавење во мозокот, гушење со аспираторна содржина и престанување на работата на бубрезите. Плодот исто така е загрозен, се раѓа со помала телесна тежина, но и смртноста на плодот пред раѓањето е висока.

Дијагноза

Во суштина, се дијагностицира прееклампсија, а потоа се превенира појава на еклампсија. Притисокот над 140/90 или зголемувањето на „горниот“ за 30ммХг, а на долниот за 15 мм Хгм е знак на предупредување. Доколку уште и во прегледаната урина се најдат протеини, а мерено во 24-часовна урина ја надминуваат количината од 0,5 г, тогаш дијагнозата на прееклампсија е многу јасна и потврдена.

Како се лекува?

Еклампсијата спаѓа во итните состојби и мора веднаш да се реагира со давање медикаменти за спречување на неволни движења на телото, намалување на крвниот притисок и моментално довршување на бременоста, со спречување фатален крај за плодот или за мајката.

Што се случува ако не се лекува?

Доколку се лекува несоодветно, недоволно или воопшто не се лекува, доаѓа до можно трајно оштетување на функцијата на бубрезите, мозокот, црните дробови и белите дробови што може да доведе до смрт на мајката или бебето.

Што сѐ треба да знаете за вашата втора бременост?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.