Првото дете го добила на 66 години, па се нашла на столбот на срамот: Еве како живее денес и како се грижи за ќерка ѝ!

Неверојатна приказна

Оваа неверојатна приказна нема да ве остави рамнодушни

Станува збор за Адријана Илиеску, за која во 2005 година се водела сериозна полемика во медиумите и општеството. Имено, таа своето прво дете го добила на 66 години и така успеала да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата жена што добила дете. Оттогаш, таа постојано морала да се соочува со осуди од страна на општеството. Благодарение на љубовта кон својата ќерка, успеала да ги надмине сите тешкотии.

Многумина се прашуваат зошто не добила дете порано

Адријана се омажила кога имала 20 години. Нејзиниот сопруг не сакал деца, бил комплетно против тоа. Набрзо одлучила да се разведе, по што ѝ се посветила на кариерата.

Адријана 9 години се лекувала од неплодност, се обидувала да забремени, но неуспешно. Одлучила да испроба и вештачко оплодување. Тогаш веќе имала 66 години и знаела дека тоа е огромен ризик. Но нејзината голема желба да се оствари како мајка била посилна од сè. Многу од луѓето околу неа не ја поддржале, некои дури и ѝ го свртеле грбот.

Сепак, Адријана успеала да забремени и да роди дете

Проблемите со кои Адријана се соочила по породувањето биле огромни. Кога конечно успеала да забремени со тројка, две бебиња умреле во утробата, а ќерката Елиза се родила прерано, па поминала долго време на интензивна нега. Откако ќерка ѝ зајакнала, Адријана одлучила да ја крсти.

Адријана се соочила со осуди и од страна на различни верски организации. Имено, тврделе дека нејзината одлука да стане мајка на таа возраст била неверојатно себична. И покрај сè, Адријана верувала дека нејзината ќерка ѝ е дадена од Бог.

Како изгледал нивниот живот додека растело девојчето

Адријана успеала да направи договор со докторот што направил зафатот ин-витро. Имено, се договориле во случај Адријана да почине, лекарот да му стане кум на девојчето и нејзин старател до нејзината 18-та година.

Често се случувало луѓето да мислат дека Адријана ѝ е баба на Елиза. Позитивно било тоа што Адријана била во пензија, па можела да ѝ посвети многу време на својата ќерка.

Инаку, Адријана е професорка по романски јазик и книжевност и е авторка на повеќе од 25 книги за деца. Нејзината ќерка обожава да оди на училиште и учествувала во бројни натпревари. Елиза се надева дека во иднина ќе се запише на факултет.

Адријана и Елиза се поврзани со посебна врска. Како нејзина мајка, Адријана ја вложува сета своја моќ, искуство и знаење во својата ќерка. Сè уште води активен и здрав начин на живот, а нејзината ќерка ѝ дава сила и мотивација. Адријана сега има 83 години, одлично се чувствува, а се надева дека уште долго ќе ужива во растењето на нејзината ќерка.

Мајка ги сними последните моменти со синчето (Видео)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.