Девојките од „Фрајле“ доаѓаат два дена пред концертот во Скопје: Вие Македонците го живеете животот и ви завидуваме!

Не се далеку од вистината...

Уште само два дена до концертот на миленичките на македонската публика, одличните „Фрајле“. Во сабота на 18-ти пред платото на МОБ, Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт.

Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска во Скопје, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом.

„Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа – велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота.

Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Frajle (@thefrajle)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.