Се надминала себеси: Доколку сакате да бидете главни на некој важен настан, ископирајте го стајлингот на Џенифер Анистон!

Прекрасна!

Блескала во асиметричен фустан

Џенифер Анистон се појавила на премиерното прикажување на втората сезона на ТВ-серијата The Morning Show, во кое ја глуми главната улога.

Ненаметлива, а елегантна како и секогаш, Џенифер која со години е препознатлива по својот истанчев вкус и чувство за стил и префинетост, овој пат се надминала себеси и ја воодушевила јавноста.

Ако немате идеја што да облечете на некој важен настан, на пример на свадба, со оглед на тоа што сега е сезона на венчавки и прослави, украдете ја идејата на Џенифер Анистон.

Нејзиниот фустан е елегантен и едноставен, а веднаш ќе ве претвори во холивудска ѕвезда. Актерката облекла летен фустан во светложолта боја, што доминира летово, а цветниот дезен дополнително го збогатил изгледот.

Фустанот е асиметричен, па тоа е и една од предностите на оваа креација. Има тенка прерамка на левото рамо, а на крајот се шири во нерамни карнери, па едната страна е пократка, а другата подолга.

На сето ова, Џенифер му додала прекрасни сандали во беж боја, кои се нејзиниот стандарден избор и имаат тенки ремчиња и висока потпетица. Со сигурност ова е еден од начините како да се облечете ненападно, елегантно, а достојно за црвениот килим.

Веќе 30 години ова е формулата на совршениот изглед на црвениот килим на Џенифер Анистон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.