Голема радост во домот на познатиот пејач! Даниел доби син, му дадоа традиционално име со силно значење

Даниел Кајмакоски го доби синот Давид во февруари 2017 година, а сега во неговиот дом пристигна уште едно  засилување!

Пејачот Даниел Кајмакоски на почетокот на годината се ожени вторпат, а сега со својата избраничка доби дете. Сопругата на Даниел роди момче, поради што пејачот веднаш се огласи.

Господе, ти благодариме што нè благослови. Нека ни е жив и здрав малиот Стефан! Им благодариме на сите што се радуваат заедно со нас, вашите пораки и честитки се прекрасни – напиша накратко, додека под објавата се наредени честитки и коментари на кого личи бебето.

Судејќи по коментарите, тој личи на татко му, а вие проценете сами.

Името Стефан е од грчко потекло, потекнува од грчкиот збор stefanos (Στέφανος) што значи круна или венец. Името е длабоко вкоренето во христијанската традиција и едно од најчестите машки имиња воопшто.

Да потсетиме, Даниел во февруари 2017 година го доби синот Давид со 13 години помладата Кристина Димитри, со која бракот не му траеше долго време.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.