„Сека, тенк, нека те ангажира Путин во Бахмут“: Пејачката жестоко врати на овој коментра, па настана хаос! (ФОТО)

Не молчи!

Фолк-пејачка Сека Алексиќ се одлучила да му застане на пат на сајбер-насилството и да им одговори на сите што ја навредуваат на социјалните мрежи.

И додека многумина го фалат нејзиниот сегашен изглед, има и такви кои ја користат можноста да ја прозиваат заради него. Меѓутоа, овојпат таа одговори на еден злобен коментар, па направи хаос на социјалните мрежи.

Имено, еден корисник на Инстаграм ја прозвал Сека за изгледот, а неговиот коментар згрозил многумина.

Сека тенк, нека те ангажира Путин да го прегазиш Бахмут – напишал тој, на што пејачката жестоко му одговорила.

Да ни го исп*шиш на сите тука, па тогаш и ти правец кон Путин. И сите шест дијаболи кои го лајкувале коментарот, нека ти се придружат. Заедно е полесно се‘ – му порачала Сека, а дискусијата за овој коментар продолжи на Твитер.

Се’ разбирам, но каков маж си кога навредуваш жена на социјалните мрежи. Веројатно маж без j***a – напишала Сека и наишла на огромна поддршка од твитерџиите.

А да не зборувам за тоа дека коментарот на тој му го лајкувале жени кои на профилните фотки држат деца во рацете. Немам зборови – додала пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.