Ен Хатавеј се бореше со неплодност, а сега им се обрати на сите што поминуваат низ истиот пекол

Исповед што „пече“

Американската актерка Ен Хатавеј им се обрати на жените што имаат проблеми да забременат.

Нејзиното обраќање го пренесуваме во целост:

За сите оние што поминуваат низ пеколот на неплодноста и забременувањето, сакам да знаете дека патот до моите бремености не беше лесен“, напиша Ен и продолжи.

 

Секогаш кога ќе се обидев да забременам и работите не се одвиваа онака како што сакав, некој друг успеваше да зачне. Знаев дека тоа не се случува затоа што некој сака да ме измачува, но, искрено, токму така се чувствував. Фактот што се срамев од тоа чувство дополнително ги влошуваше нештата. Тоа е нешто за што не разговараат луѓето, а би требало. Размислував за таа една жена до која можеби ќе допрам, жената што поминува низ сето ова и која не може да сфати зошто не забременува. Таа ќе ја види мојава објава и иако ќе биде среќна заради мене, знам дека истовремено и ќе се чувствува лошо поради неа. Сакав само да кажам дека и мојата бременост не се случи лесно. Животот на Инстаграм изгледа многу опуштено и лесно, но тоа не е целата приказна. Со исклучување на тажниот дел од животот предизвикуваме изолација и осаменост на жените што имаат проблем да забременат и се чувствуваат како самите да се виновни за се’. Бременоста сите ја ставаме во еден контекст, оној во кој сакаме да се фокусираме само на среќните мигови, но за многу жени патот до бременоста не е лесен. Уморна сум од таквиот контекст, затоа што едноставно не е вистинит, а јас ја сакам вистината. Мразев кога луѓето ми велеа: Зошто се’ уште немате дете? Што чекате? Или кога ќе се обидуваа да го разубават тоа низ кое поминував правејќи се дека не е нешто страшно. Тогаш си помислував: ОК, имате право на свое мислење за ова, ви благодарам за тоа, но моите чувства се мои, сега сум очајна и без разлика што ми кажувате, јас и понатаму ќе се чувствувам така.  Се разбира, мојот сопруг беше покрај мене во секој миг, но бев фасцинирана од бројката жени во мојот живот кои беа доволно храбри со мене да ги споделат своите приказни. Кога ќе им опишев што ме скршило, тие ми одговараа: Истото ми се случи и мене. Тоа беше тоа што ми помогна да пребродам се’. Успеав да сфатам што ми се случува, а не само да се обвинувам себеси и своето тело заради се’. Откако ја напишав таа објава, ми се јавија голем број жени и ми признаа дека се чувствуваат како некој конечно да ги гледа и ги слуша. Заради тоа сум среќна“, заклучи Ен.

За потсетување, харизматичната актерка неодамна на својот официјален инстаграм-профил објави дека со сопругот Адам Шулман го очекува второто дете:

Не е за улога“, кратко порача Ен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.