Не грижете се, не сте неспособни, ниту депресивни: Само сте опкружени со идиоти!

Верувајте!

Ако со денови не се чувствувате добро, не брзајте со дијагнозата, тоа не е депресија

Не сте во депресија и не страдате од ниска самопочит. Само внимателно погледнете околу себе и ќе забележите дека сте опкружени со идиоти.

Размислете: Колку често туѓото однесување влијаело врз вас? Колку често сте биле разочарани, бесни, тажни поради другите? Колку пати сте морале да раскинете со некого или да прекинете пријателство, бидејќи тие луѓе ве повлекле на дното?

Еве како да ги препознаете идиотите…

1. Идиотите речиси секогаш уживаат во својата глупавост

Тоа што некој е вистински идиот не значи дека не е интелигентен. Секако дека сите понекогаш правиме глупости и никој на светот не знае баш се’. Токму затоа, пред да осудите некого, прво погледнете се себеси. Ако не знаете нешто, искрено признајте го тоа, не е срамота. Меѓутоа, кај идиотите не поминува тоа. Тие секогаш ќе се величат себеси и за себе ќе мислат дека се најпаметни, најдобри… Тие буквално уживаат во својата глупавост и тоа ги прави среќни.

2. Идиотите се прегласни и непријатни

Разговорот со нив е речиси невозможен. Тие врескаат само со една цел: да бидат чуени. Нивните монолози можат да ја уништат и најсилната личност на светот. Говорат гласно, викаат и се наметнуваат во вашиот личен простор. Најтажно е тоа што тие не го сфаќаат тоа. Тие летаат на крилјата на својата глупавост и не ги забележуваат другите луѓето.

3. Идиотите се себични и склони на подбивни коментари

Тие намерно ги омаловажуваат туѓиот успех за самите тие да дојдат до израз. Имаат голем Наполеонов комплекс и не смеете да им дозволите да ве уништат.

Зошто да си дозволите себеси да паднете во депресија поради такви луѓе?

Кога долго време сте во контакт со такви луѓе, страда вашата самопочит. На крајот на краиштата, родителите не’ учеле да бидеме воспитани, љубезни, да се однесуваме добро, да ги слушаме  другите… Добрите луѓе се многу трпеливи и не можете лесно да ги излажете.

За жал, тие честопати го гледаат само доброто кај луѓето, а тоа многу им оди во прилог на идиотите.
Нивното однесување ве прави глупави, но не затоа што не сте доволно паметни или самоуверени, туку затоа што сте добри и пристојни.

Редовната комуникација со идиотите, со текот на времето ќе ја уништи вашата самопочит. Ќе чувствувате тага, непријатност и очај. Сето тоа доведува до депресија.

Како да побегнете од идиотите и дали тоа е возможно?

Доволно е внимателно да ја согледате ситуацијата за да видите дека си имате работа со идиоти. Така самодовербата веднаш ќе ви се поправи.

Но прво морате да побегнете што подалеку од нив. Сведете ја комуникацијата со нив на минимум.

Сега кога знаете како да ги препознаете идиотите во вашето опкружување лесно можете да ги одбегнете и да живеете нормален и среќен живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.